Не крие колку е среќен и заљубен: Васил открива- “Да се биде гe.j во Македонија е благослов”!
Ужива во љубовта...
Васил Гарванлиев е успешен оперски пејач со интернационална кариера, има настапувано со најпознатиот светски челист Јојо Ма.
фото инстаграм/Васил Гарванлиев
Многумина од нас пораснаа со неговата детска песна „Марионка“ која пред повеќе од две децении ја испеа на „Златно славејче“.
фото инстаграм/Васил Гарванлиев
Мајките и ќерките и тогаш и сега беа воодушевени од неговиот беспрекорен глас – тогаш како симпатично детенце кое ја испеа една од најпознатите детски песни на сите времиња која и денес е голем хит во нашата земја, сега како извонреден пејач кој со своите песни и ангелски глас никого не остава рамнодушен.
фото инстаграм/Васил Гарванлиев
-Музиката ми е животот, многу сум благодарен што од многу мал препознав за што сум роден и каков талент поседувам- изјави пред извесно време во интервју за Гламур.мк.
фото инстаграм/Васил Гарванлиев
Васил не крие колку е заљубен и среќен а јавноста имаше прилика да го види и неговиот партнер кој го запроси минатата година.
фото инстаграм/Васил Гарванлиев
За естрадниот магазин ,,Бекстејџ’’ изјави дека со неговиот избраник се препознале ,,на прва”, а го освоил со едноставноста и со анонимноста.
фото инстаграм/Васил Гарванлиев
-Живеам многу мирно и среќно. Дојдов со намера да снимам албум, љубовта тропна на вратата, и сега секое утро се будам во Чикаго насмеан и опкружен со три весели кучиња. Главни ангажмани пред да почнам со настапи ми се часовите по пеење со професор од Париз, конечно помагам на млади таленти со многу потенцијал дури и една две од Македонија – како вокал „коуч“, и ги спремам проектите за следните 3-5 години – сподели пејачот во интервју за Женски магазин
фото инстаграм/Васил Гарванлиев
-Џејсон е една прекрасна скромна личност, со многу интересна животна приказна. Инаку е успешен невропсихолог, посветен партнер и воедно мој најдобар пријател. Во моментов учи струмички зборови и фрази, додека Езми, Тина и Шерон (нашите кучиња) учат литературен македонски.
фото инстаграм/Васил Гарванлиев
Во интервјуто за Женски магазин тој откри и што му рекла неговата мајка кога заминала од Чикаго.
фото инстаграм/Васил Гарванлиев
-Поминавме прекрасни две недели заедно тука во нашиот дом. Последната реченица ѝ беше: „Заминувам полна, среќна, и мирна зошто ја живееш бајката за која сонувам цел живот и не е лажна туку искрена и полна со компатибилност, разбирање, и љубов“. Негувајте се. Нема нешто поубаво.
фото инстаграм/Васил Гарванлиев
Сега за Бекстејџ тој истакна дека да се биде ге.ј во Македонија е благослов.
View this post on Instagram