Реклама
Наши ѕвезди

Не игра секогаш на сигурно, но ретко може да згреши – Рашела во несекојдневно издание што не може секоја да го носи!

Реклама

Рашела Мизрахи повторно не воодушеви и го привлече нашето внимание со изборот на нејзиниот фустан.

Фото: Инстаграм/ Рашела Мизрахи

Веќе и врапчињата на гранките знаат дека во Македонија се одржуваат избори, а ние како некој што не го интересира политика, туку само мода, не можеме а да не го искоментираме стилот на нашите дами.

И повторно разгледувајќи ги фотографиите што познатите политичарки ги објавуваат на социјалните мрежи, се воодушевивме од уште едно интересно издание на Рашела Мизрахи.

Маркетинг

Имено, таа овој пат носеше поприлично интересна модна комбинација, која можеме да ја замислиме како на озбилни настани од еден ваков тип, па и на свечени прослави. Во прашање е фустан со должина нешто над колена кој е во темно сина боја, со црвена јака и еден мал дел на ракавите кои се со ¾ должина. Но она што посебно го прави овој фустан да изгледа ефектно е геометриската бела шара, преку целиот фустан, кој предизвикува мошне впечатлив асиметричен ефект. Во прашање е модел со крој каков Мизрахи најчесто носи, а интересно е и тоа што ваквата комбинација на бои – црвена, темно сина и бела – одлично и стојат, посебно во комбинација со изборот на балетанки во светло сина нијанса и црвениот детаљ во косата со која и е врзана пунџата во стилот на старите холивуски диви, а која е нејзиниот заштитен знак.

Фото: Инстаграм/ Рашела Мизрахи

Рашела на уште еден настан од пред неколку дена носеше рамни обувки, но не ретко знае да не изненади и со изборот на чевли со високи потпетици кои секогаш одлично се вклопени со останатите деталји во нејзиниот стајлинг.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Рашела Мизрахи

Па уживајте во фотографиите од нејзиниот официјален Инстаграм профил, но и во изборот на фустани што го приредија нашите модни уредници, а кој е инспириран од стилот на оваа наша дама.

Фото: Инстаграм/ Рашела Мизрахи
Фото: Инстаграм/ Рашела Мизрахи
Фото: Инстаграм/ Рашела Мизрахи
Фото: Инстаграм/ Рашела Мизрахи
Фото: Инстаграм/ Рашела Мизрахи
Фото: Инстаграм/ Рашела Мизрахи
Фото: Инстаграм/ Рашела Мизрахи
Mango
Mango
Mango
Self Portrait
Hobbs London
Hobbs London
Hobbs London
Loro Piana
Kenzo
Norma Kamali
Etro

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button