Реклама
Новости

Не знаеја дека сум бремена. Легнав во кадата и сама се породив, а потоа едното бебе го треснав од ѕидот: Мајката монструм што свирепо ги уби своите близнаци се шета на слобода како ништо да не се случило!

Реклама

Србинката Д.Р. од Швајцарија која во медиумите е позната како Јелица С. и која пред неколку дена беше осудена на една година затвор и една година условно поради бруталното убиство на своите новородени близнаци, целото време се бранела од слобода и штом излегла од притворот продолжила да живее како ништо да не се случило, пренесува српскиот Курир.

Како што открива нејзиниот дедо, Јелица работела додека била во притворот, а откако излегла продолжила со животот. Тој додаде дека семејството и не знаело дека девојката е бремена се додека не се породила во кадата кога и се слошило, а потоа полицијата ги нашла и телата на бебињата.

Маркетинг

Семејството не знае и кој бил таткото на близнаците. Знаат само она што им го кажала таа, дека е во прашање момче кое исто така е од Србија, и кој ја оставил кога забременила бидејќи не сакала да абортира. Нејзината одбрана пред судот за суровото чедоморство беше тоа дека доаѓа од конзервативно семејство во кое сексот пред брак не е дозволен, па затоа и решила да ги убие своите близнаци.

Мноструозен злочин што ја шокираше Швајцарија, но и регионот

„Едноставно го оставив таму. Не знам што во тој момент ми се вртеше низ главата“, му рече на судијата. Но хоророт ни тогаш не беше завршен…
Триесет и еден час подоцна повторно легнала во кадата и родила уште едно дете …

Маркетинг

 

Во швајцарскиот град Луцерн во средата беше објавена пресудата на 23-годишната Србинка обвинет за убиство на новородени близнаци. По самото раѓање, едното бебе го убила така што со сета сила го удрила од ѕидот, а другото го завиткала во својата маица и го оставила во кошница со валкани алишта. Таа за убиството на новородените деца, од судот добила затворска казна од две години и 10 месеци. Девојката ќе помине една година затвор, по што ќе биде пуштена на условно 22 месеци, објавија „Новости”.

„Судот ја прогласи обвинетата за виновна за чедоморство и убиство на нејзините деца. Злочинот не е планиран, но секако е тежок. Изречена и е максимална казна од 34 месеци. Ако мајката го убие детето по породување, казната е до три години“ – изјави судијата кој ја објасни пресудата.

Се породила во бањата

Деталите за злосторството изнесени за време на судењето ја шокира јавноста. При крајот на декември 2015 година, девојката била во седми месец од бременоста кога започнале болките. Таа се породила сама во бањата.

Детето го родила во када

„Не знаев како да се породам. Кога почнав, ја наполнив кадата. Денес, не сум сигурен како успеав. Легнав во кадата и гледав на интернет како го прават тоа“ изјави таа пред судот.

Не сакала да абортира

Таа изјави дека нејзиното момче, таткото на близнаците, ја напуштил неколку месеци пред да се породи. Тој ја замолил да абортира, но таа не сакала.

„Бебето плачеше, и тоа не ми звучеше човечки. Бев исплашена“, изјави девојката пред судот. По раѓањето на своето прво бебе, отишла со него во подрумот. Го сокрила новороденчето под облеката, а потоа во еден момент го земала бебето, го удрила во ѕидот и го фрли на подот.

Запрашана како се чувствувала во тој момент, обвинетата одговорила со солзи во очите – „Не знам“. Мртвото новороденче го завиткало во маица и потоа го сокрила во големо кадифено мече. „Го оставив таму. Не знам што ми се вртеше во главата”, изјави таа пред судијата.

Бебето го оставила во корпа

Но тоа не беше крај на ужасот. Триесет и еден час подоцна се вратила во кадата и го родила и нејзиното второ дете, пишува Блиц. Потоа го фрлила бебето во кошницата со валкани алишта каде што тоа брзо починало.

Го призна злочинот

Докторите пред судот изјавија дека другото бебе би имало шанси да преживее ако мајката заминала во болница. Но целиот злочин можел да помине и неказнето ако наскоро не и се слошило, па нејзините родители ја однеле во болница. Докторите веднаш сфатиле дека била трудна и дека неодамна се породила. Повикале полиција и така го откриле злочинот, а девојката во притворот го призна делото.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button