Не е сѐ така црно на естрадата: Спасен Силјановски се поднови со два нови автомобили, па испрати порака – „Македонскиот народ е полн со љубомора“
И додека македонските пејачи постојано се жалат на финансиската состојба и немањето работа, фолкерот Спасен Силјановски се поднови.
Спасен е доста активен на социјалните мрежи, каде често споделува фотографии од своето семејство и од работите кои ги прави во слободно време.
Спасен потекнува од с.Пополжани Кичевско, за кое вели дека е најубавото местенце во Македонија. На 4 години веќе чисто и целосно ја пеел познатата песна „Крушево абер пристигна“, а на својот шести роденден ја добива првата хармоника, која и до денес ја чува како сувенир.
Тој социјалните мрежи ги користи како платофмра на која често знае да напише и свои ставови упатеи до злобните луѓе, кои гледаат само да му напакостат. Често пишува статуси со кои ги критикува себичноста, алчноста и зависта како особини кај одедени луѓе.
Поради пандемијата пејачите се едни од најпогодените во кризата, затоа што повеќе од една година немаат никакви свирки и настапи, ниту добиваат пари.
Финансиска помош еднократна добија од државата, но тие пари не се ни приближно од доволни за живот. Некои од музичарите се откажаат од парите, некои одлучија да ги земат. Во врска со ова се огласи и Спасен.
„Јас ќе ги земам тие 14.500 денари и не е важно каде ќе потрошам. Можеби ќе дадам на двете деца и сопругата. Односно дали ќе ги потрошам на семејство за леб и млеко или ќе ги испијам во кафеана или ќе ги донирам на некој што воопшто нема, тоа веќе е моја работа.
Но, јас ќе ги земам зашто во минатото некои милионери и функционери, како што се Мира – Дизел, Силвана Бонева и ред други, земаа стотина илјади евра за патни трошоци, односно земаа околу 150.000, а сите знаеме дека нивните примања се огромни. Како што се огромни и нивните бенефиции, кои ги имаат благодарение на функцијата. Епа ако можат Мира -Дизел и Бонева, можам и јас“ – изјави Силјановски.
Тој деновиве предизвика бура од реакции откако сподели дека се подновил со нови автомобили.
Прво објави дека си купил „застава 750“ или Фиќо.
„Се подновив малку, повелете на частење“, напиша тој во опис на видеото на кое покажа дека автомобилот е во одлична состојба.
Но, по некое време повторно изненади откако покажа дека си купил уште еден автомобил. На Фејсбук сподели фотографија и откри дека си купил „порше“.
„Малку да променам, фиќото го возам само во посебни пригоди“, напиша Спасен.
После оаа објава пејачот околу пејачот се крена голема прашина. Некои го критикуваа, а некои му честитаа, но никој не остана рамнодушен.
Тој не остана покус, па им посвети уште еден статус на „хејтерите“ и оние кои му завидуваат и му го оспоруваат успехот.
„Изминативе два дена постирав две објави на мојот Fb профил. Во првиот каде што купувам фиќо, во вториот каде што купувам порше… и двете објави беа пренесени од голем број на портали. За двата случаи се изначитав еден куп коментари од различен карактер.
После овој таканаречен експеримент видов колку народот македонски е полн со омраза, завист, љубомора(со чесни исклучоци) …неможеш да му погодиш никако. Не им чиниш нити ако си сиромав нити ако си богат. Едноставно берат гаље во туѓ двор односно ја бараат раската во туѓото око, а не ја гледаат гредата во своето око.
На крај она најважното кое што го заклучив е дека народот може се да ти прости освен УСПЕХОТ!!! Патот до Бога е многу трнлив и тежок но затоа крајот е преубав Рај. Патот кон сатаната е исполнет со злато но затоа крајот од тој пат е Пекол.
Јас го поминувам тој трнлив пат откако сум роден, но секогаш чесно и достоинствено, и затоа сум среќен. Среќен што имам прекрасно семејство,среќен сум што имам мирен сон, среќен што имам успешна кариера изградена исклучиво со моја пот без ничија поддршка и горд сум поради тоа.
Среќен сум што имам лојални пријатели кои и животот би го дале за мене. Среќен сум што секогаш крајот на мојот трнлив пат е пречист и се поблиску до Бога. Во моето срце има место секогаш за сите дури и за оние злобните. Нашето постоење на оваа земја нее случајно, се си има своја мисија. Нашата мисија е ширење на љубов и почитување на божјите заповеди.
Заборавете на завист, омраза, лицемерие, љубомора.Зависта и љубомората на туѓиот успех ке ви донесе само духовен немир, депресија, и дефокус од вашиот животен пат кој ке го поминете со духовна сиромаштија. Затоа обрнете внимание на вашиот животен пат, живејте го со љубов и добри дела само така ќе го најдете вашиот духовен мир.
Секој човек на оваа планета има маани, никој нее безгрешен. Тој што бил безгрешен го распнале на крст. Затоа не судете за туѓите маани, ако не можете да ги поднесете едноставно игнорирајте ги бидеќи некој неможе да ги поднесе и вашите маани.
Ако на некој не му се допаѓаат песните на Спасен Сиљаноски, или било кој друг пејач едноставно не ги слушајте, тоа е ваше право и го почитувам тоа. Но нема потреба од навреди и плукање по Мене или моите колеги за нивниот искажан став, за нивната кариера или најмалку за нивниот приватен живот.
За крај ве сакам сите ВИЕ што ќе го разберете овој текст бидете ми здрави и живи, а на вас другите Господ нека ви е на помош… “, напиша Силјановски.