Реклама
Наши ѕвезди

Не е оженет и нема девојка, па затоа и многу Македонки лудуваат по него – Мики каков не сте го виделе

Еве како Мики Секуловски ги изненади сите, посебно дамите

Реклама

Нова промена кај познатиот пејач

Мики Секуловски кој по освоеното второ место во „Ѕвездите на Гранд“ повторно е на врвот меѓу најпопуларните пејачи кај нас, со една од своите последни објави ги изненади сите на социјалните мрежи, а посебно неговите обожавателки.

Имено, Мики по финалето во популарното музичко шоу не престанува да ниже успеси, а нашата публика го обожава.

Маркетинг

Неговите настапи кои во последно време ги има речиси секојдневно секогаш се полни до последно место, а кога ќе запее со својот моќен глас се топат сите, посебно претставничките на понежниот пол.

Маркетинг
Инстаграм/ Мики Секуловски

Но тој сега реши да направи уште едно изненадување, односно една мала промена кај него која ќе го украси неговиот имиџ.

Инстаграм/ Мики Секуловски

Имено, тој на својот профил откри дека отишол да направи уште една тетоважа, па сега сите се нестрпливи да го видат резултатот.

Инстаграм/ Мики Секуловски

Пејачот во последно време често објавува фотографии за кои многумина велат дека изгледа како манекен, а ако земеме во предвид и дека неодамна откри дека неговото срце се уште не ја пронашло својата сродна душа и дека нема девојка, воопшто не сме изненадени што станува сé поинтересен за многу дами.

Притскрин

Што се случува со Мики и Јулија?

Потсетуваме, додека Мики се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ се шушкаше дека се „смувал“ со Јулија Петровиќ.

Но оваа информација тие тогаш не ја потврдија, а откако шоуто заврши на Мики и Јулија како гости во емисијата „Амиџи-шоу“ им беа поставени „незгоди“ прашања со што тие открија дека чувствуваат емоции еден кон друг, но конкретно не открија дали има нешто меѓу нив.

Притскрин

Сепак на прашањето од публиката „Кој во кого е вљубен, Мики во Јулија, Јулија во Мики или Бета Судар во Мики“ тие и двајцата беа изненадени, но на крај Секуловски џентлменски одговори:

„Веројатно Мики во Јулија е заљубен“, изјави тогаш Мики.

Повеќе за ова прочитајте тука, а во продолжение погледнете и како изгледаше Мики во едно популарно музичко талент-шоу во Белгија во кое тој се натпреваруваше пред неколку години.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button