Реклама
Наши ѕвезди

Не е ни Брена, ни Цеца, ни Карлеуша – ќе се изненадите од тоа која пејачка прва го зголеми деколтето во поранешна Југославија

Реклама

Последните години, па и децении, силиконските гради се толку популарни на естрадата што речиси нема пејачка која не ги пазарела.

Фото: Инстаграм/ Лепа Брена

Но многумина ќе се изненадат кога ќе слушнат која е првата пејачка што одлучила да направи таков хируршки рез. Имено во 1986 година прва пластична операција направи фолк-пејачката Зорица Брунцлик, а по една година тоа го направи и поранешната лото девојка Сузана Манчиќ.

По нив следуваше Лепа Брена, а на голема сцена конечно ќе се појават кога на таков чекор во 90-тите ќе се одлучи и Цеца.

Маркетинг

Секој што го има гледано „Жикина династија“ може да забележи дека Зорица Брунцлик, која со песна го фрла во занес хер Жика, тогаш била млада и убава црвенокоса пејачка, но со многу помало деколте од што го има сега.

Брунцлик пред операцијата (Принтскрин)

Пејачката во филмот глуми во 1985., а веќе следната година направи операција и стана првата позната дама во поранешна Југославија што го направила тоа. Зорица досега јавно никогаш не зборувала на оваа тема, но ја има издадено нејзината екс југословенска наследничка Сузана Манчиќ која била инспирирана токму од нејзиниот изглед.

Маркетинг

„Од нашите пејачки Зорица прва имаше силикони. Бевме заедно на турнеја и бев воодушевена од нејзините гради, ја испрашував каде можам да ја направам интервенцијата, дали болело, колку чини… Таа ми објасни се и ми го препорача својот хирург во Минхен, чие име, верувале или не, и денес го памтам – се викаше Герд Кнотен! Тој ми направи такви гради што тие се одлични и денес, по 30 години, Благодарна сум му и нему и на Зорица“, изјави поранешната водителка при крај на 2016 година за магазинот „Стар“.

Сузана Манчиќ (Принтскрин)

Што се однесува до Брена, таа никогаш не признала дека ги има зголемено градите, но според сигурни извори таа операција направила при крај на осумдесеттите години – но таа не го зголемувала, туку само ги подигнала, а малку силикони наводно ставила неколку години подоцна.

Сузана Манчиќ пред да го зголеми „деколтето“ (Принтскрин)

Брена никогаш не го истакнувала претерано своето деколте, за разлика од Цеца која исто така преку ноќ стана а ла Памела Андерсон. И таа на почетокот не сакаше да признае дека направила интервенција која беше и повеќе од очигледна. Тоа го направи во новиот милениум кога конечно призна дека нејзиното деколте не е природно.

Иако долго време беа најголеми на естрадата, таа пред неколку години ги намали, што исто така јавно го потврди, а за разлика од Сузана и Зорица, Цеца не ги преферира германските туку бразилските доктори.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Што се однесува пак до Јелена Карлеуша таа неодамна јавно призна дека се кае што ставила силикони.

„Мојата најголема животна грешка се големите гради! Се каам што ставив силикони бидејќи повеќе не се модерни“ изјави пејачката во емисијата „465 секунди со Саша Видиќ“ и додаде дека сега би сакала нејзините гради да се помали.

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

Сепак и покрај тоа што поминале толку години од почетокот на оваа мода, овој „необичен“ тренд се уште ги тресе пејачките, па така и денес силиконските гради се во мода, а една од најпознатите млади пејачки во регионот која неодамна реши да го зголеми деколтето е Луна Џогани.

Поврзано

Back to top button