Не е како грип, ќе изгубите некој близок – Борис Џонсон откри нешто страшно во врска со коронавирусот
Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон предупреди дека британските семејства треба да бидат подготвени дека би можеле да изгубат некои од своите најблиски членови заради ширењето на корона вирусот.
Тој во своето обраќање до народот ги најави дополнителните мерки во борбата со епидемијата на Ковид-19, вклучувајќи и самоизолација.
Премиерот на Британија ги советуваше сите што имаат тврдокорна кашлица или висока температура да се самоизолираат на седум дена, но и дека од денес во оваа земја ќе бидат забранети школските патувања во странство, а на постарите лица и оние со веќе проблематична здравствена состојба им се препорачува да не одат на крстарење.
Морам да бидам искрен со вас, со британските граѓани, многу семејства ќе ги изгубат своите сакани пред време, додаде тој.
Главниот британски научен советник Патрик Валенсе за медиумите изјави дека, според него, во Британија најверојатно има заразено од 5000 до 10.000 луѓе.
Цела Италија во „црвена зона“, Кинезите ги симнуваат маските
Последните две привремени болници во Вухан, епицентарот на епидемијата на коронавирусот, вчера и официјално беа затворени. Тоа значи дека кинеските власти ги затворија сите 16 привремени болници за заболените од коронавирусот во тој град во провинцијата Хубеи.
Вкупно 49 пациенти излегоа од привремената болница во вторник околу 15:30 часот.
На социјалните мрежи се појави видео на кое може да се види како докторите го одбележуваат моментот кога се затвора последната привремена болница.
За разлика од Кина, Италија пак се наоѓа во „црвена зона“. Целата земја е ставена режим на блокада за да се сопре ширењето на корона вирусот. Но и покрај драстичните мерки, за само 24 часа животот го изгубија дури 189 луѓе, што е најмногу во еден ден од 21 февруари, од кога се појавија првите случаи. Бројот на починатите во оваа земја сега изнесува 1016, додека бројот на заболени од овој вирус во Македонија е 9. Од нив шестмина кои се на Инфективната клиника се во стабилна сосотојба, но кај кај тројца има лесно влоушање.
Како што појасни Филипче, кај нив има отежнато дишење, но засега нема потреба од приклучување на апарати за дишење. Сите тројца се на возраст над 60 возраст.