Реклама
Новости

Не е единствената болна од рак во кралското семејство – шокантна вест што го потресе целиот свет

Еве како мајката на три деца ја соопшти тажната вест

Реклама

Кејт Мидлтон призна дека боледува од рак

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, призна дека боледува од рак во својата 42 година и дека оди на „превентивна“ хемиотерапија.

Преку емотивно видео снимено во Вондзор Кетрин се огласи и ги откри страшната вест што го шокираше целиот свет.

Маркетинг

Иако најпрво беше кажано дека Кејт направила операција во абдоминалниот дел, и дека не е во прашање карцином, сега беше обелоденето дека сепак е во прашање страшната дијагноза која ги потресе Британците.

Од овие причини Кејт долго време отсуствуваше од јавноста, па почнаа да се шират бројни теории на заговор.

Маркетинг

Принтскрин/ Јутјуб

Но за жал на крајот вистината излезе многу потажна од поголемиот дел од сите овие шпекулации што се ширеа во изминатиов период.

Видеото со Кејт е снимено во природа, и принцезата изгледа смирено и убаво, ако и секогаш, но носеше тажни вести.

Таа откри дека им требало време како лошата вест да ја соопштат на нивните деца Џорџ, Шарлот и Луи на начин кој нема да ги вознемири.

„Јас сум добро и секој ден сум сé посилна, фокусирајќи се на работите што ми помагаат да оздравам“, вели Кетрин.

Таа истакна дека најголема поддршка добива од својот сопруг Вилијам, но и дека поддршката д луѓето и значи многу.

Како Кејт изгледа сега, погледнете во продолжение:

Потсетуваме, неколку дена пред да го објави видеото Кејт за прв пат се појави во јавност и тоа по подолг период.

Таа последен пат беше видена за Божиќ, па видеото на кое се гледа како оди во продавница во близина на нивната вила веднаш предизвика големо внимание. Но многумина и тогаш се посомневаа во веродостојноста, односно веднаш почнаа да се шират шпекулации дека на снимката е двојничка.

Ова беше прво појавување на принцезата по фотошопираната фотографија што предизвика скандал во целиот свет, како и по бројните теории за нејзиното здравје и ситуацијата воопшто заради што беше тема број еден во целиот свет. На снимката што тогаш исплива, Кејт беше видно расположена и насмеана, но облечена во хеланки се забележуваше и дека е ослабена.

По ова појавување, Кејт реши да се огласи, а од тажната вест што ја сподели се уште се во шок голем број нејзини фанови.

Нејзиниот карцином е откриен во текот на јануари, откако беше на абдоминална операции на клиниката во Лондон.

Кенсингтонска палата изјави дека нема да споделува детали во врска со типот на карциномот што го има принцезата, ниту кој е стадиумот, а истовремено ги замолија луѓето да не шпекулираат.

@dailymail

The Princess of Wales has announced tonight that she has been diagnosed with cancer aged 42 and is undergoing ‘preventative’ chemotherapy. In a deeply emotional video message, filmed at Windsor on Wednesday, Catherine revealed the news had come as a ‘huge shock’ and that she and William ‘have been doing everything we can to process and manage this privately for the sake of our young family’. 🎥 BBC Studios/PA #katemiddleton #royals #royalfamily #princessofwales

♬ A mysterious scene of the near future like Blade Runner(994826) – The Structures

Познато е и дека кралот Чарлс III исто така се бори со карцином, и дека тој и кралицата Камила се информирани за вестите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button