Не едно, не две, туку три бебиња во меше – македонскиот музичар ја соопшти прекрасната вест
Познатиот музичар ќе стане татко на три бебиња.
Папаз го реши проблемот со наоѓае на музичари за бенд.
Горан Папаз е најдобриот и најангажираниот македонски саксофоност.
ФОТО: Фејсбук / Горан Папаз
Потекнува од Охрид и уште од многу млад ја започнал својата музичка кариера.
Освен во Македонија настапува и надвор од нашата земја на разни манифестации и семејни прослави.
ФОТО: Фејсбук / Горан Папаз
Кога тој ќе засвири никој не останува рамнодушен, а каде и да настапува забавата е загарантирана.
Активен е и на социјалните мрежи, каде и често споделува семејни фотографии.
ФОТО: Фејсбук / Горан Папаз
Неколу години е во брак со својата избраничка, адвокатката Наташа Атанасовска, а од првиот брак го има и синот Дамјан.
Еден е од ретките кои без проблем и јавно ги изразуваат своите емоции и честопати на социјалните мрежи пишува емотивни објави посветени за неговите сакани.
ФОТО: Фејсбук / Горан Папаз
Обожава времето да го поминува со својот син, а сега соопшти дека среќата му се насмевнува по втор пат, кога станува збор за татковството.
Но, она што е најинтересно е тоа дека тој и Наташа очекуваат тројка.
ФОТО: Фејсбук / Горан Папаз
Можностите да забремените со тројка по природен пат е еден спрема 10.000, но нему и на Наташа им успеало.
Папаз се огласи на социјалните мрежи и ја соопшти прекрасната вест:
„1 на 10.000 биле шансите за природна тројка… ние победивме!
Вака изгледа скрининг на три бебиња во меше.
Ви кажав еднаш, не дека е моја ама…
П.с. Го решив проблемот со барање музичари за бенд“, напиша саксофонистот.