Реклама
Наши ѕвезди

Не грижи се за оние што Господ ги тргна од твојот живот – емотивна порака на Анета што ги изненади сите

Моќни зборови што одекнуваат како црквени ѕвона

Реклама

Пејачката им се обрати на фановите со моќна порака

Веста дека Анета Љумаковска се разведува беше шок за многумина. Пејачката тогаш не криеше дека поминува низ тежок период, а најголема поддршка во тие моменти и беше семејството.

Но Анета набргу исплива од оваа фаза или барем таков дојам оставаше каде и да се појавеше, а во последно време се почесто изненадува и со своите фотографии што ги објавува на социјалните мрежи.

Маркетинг

Па така откако деновиве ги изненади сите со новата фризура со каква досега ја немавме видено, а која според многумина и стои одлично, Анета сега ги воодушеви своите следбеници и со една порака што ја сподели на Инстаграм, а која навистина звучи мошне моќно.

Маркетинг
Инстаграм/ Анета Љумаковска

„Не грижи се за луѓето што Господ ги тргна од твојот живот. Тој видел работи што ти не си ги видела, тој слушнал разговори што ти не си ги слушнала, па затоа и направи потези што ти не би ги направила“, вели пораката што Анета ја сподели на својот профил на Инстаграм, а која ги воодушеви сите.

Но она што многумина се прашуваат е дали некој дел од оваа моќна порака на било кој начин е поврзан со неа и со сето она што и се случуваше или едноставно и се допаднале зборовите, па решила да ги сподели со своите бројни следбеници.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Како и да е, едно е сигурно, а тоа е дека Анета во последно време никого не остава рамнодушен со секоја своја објава на Инстаграм.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Таа сега изгледа како да е во прашање потполно друга жена – и тоа сите го мислат и тоа на најпозитивен можен начин.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Посебно по нејзиното последно издание кога блесна со својата нова фризура, па без разлика дали разводот е „виновен“ што омилената фолк-пејачка денес изгледа подобро од кога било досега или во прашање е нешто друго, можеме да кажеме само едно, а тоа е големо браво за оваа прекрасна дама. Браво!

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Бонус видео

Анета во акција

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button