Реклама
LIFESTYLEВирално

Не ви се живее во Македонија? Во оваа земја ќе ви дадат куќа бесплатно

Реклама

Ако мислите да  ја напуштите Македонија, Јапонија би можела да биде добра опција. Имено, во оваа земја има голем број на напуштени објекти што Јапонците одлучија да ги дадат – бесплатно.

Да, добро читате. Јапонија започна програма со која сака да го спречи распаѓањето на напуштените објекти  и одлучи да ги понуди на пазарот бесплатно или по многу ниска цена. Според извештајот на јапонската влада во 2013 година, во оваа земја имало осум милиони напуштени и празни куќи. Некои организации тврдат дека до 2033 година, дури 30 отсто од домовите во Јапонија би можеле да бидат празни.

Маркетинг

Старото население во Јапонија е делумно одговорно за голем број напуштени куќи во оваа земја, пишува „Insider“. Има и млади Јапонци кои ги купуваат куќите на оние постари кои ги напуштиле и отишле во домови или умреле. Но тоа е далеку од доволно. Исто така, продажбата на куќата е комплицирана од многу распространетото јапонско суеверие, според кое имотот поврзан со самоубиства, убиства или т.н. „осамена смрт” носи лоша среќа, па дури постои и страницата Ошималанд на која постои листа на куќи кои „треба да се избегнуваат” .

Поради ова, многу сопственици на недвижнини немаат друг избор освен буквално да ги донираат свои куќи, а некои локални самоуправи нудат субвенции за да ги поттикнат потенцијалните нови сопственици да ги обноват напуштените објекти што Јапонците ги нарекуваат “акија”.

Маркетинг

Исто така постојат и „акија банки”, односно бази на податоци на напуштените куќи кои се нудат. Повеќето од овие куќи се нудат целосно бесплатно. Највисоката цена на некои недвижнини во овие бази е околу 30 милиони јени, но има и објекти кои се нудат за буквално нула јени.

Поврзано

Back to top button