Не викајте полиција ако ги фатите комшиите како пушат трева – тоа сега во Канада е дозволено!
Првиот ден од легализација во Канада љубителите на тревата славеа на сите јавни места
„Од секогаш мојот сон беше да бидам првата личност во Канада која на легален начин ќе купи грам канабис и сега желбата ми се оствари“, вели Јан Повер, човекот што прв купи легална марихуана откако часот отчука полноќ. Од друга страна и Алекс Смит, еден од многуте кои таа ноќ го посетија „BC Cannabis Store“своето искуство го опиша како надреално.
Цел живот пушев скриено и се криев од другите бидејќи се движам во кругови во кои не се консумира марихуана но сега откако канабисот е легализиран и откако се наоѓа на полиците во овие продавници, чувствувам олеснување. Сега тоа е ОК, барем во очите на власта“, изјави тој за Би-Би-Си.
Но иако е легализирана, марихуаната не е достапна за помладите од 18 години, а казните за оние што продаваат на малолетници се мошне строги.
Со новиот закон Канаѓаните ќе можат само одреден број на растенија да одгледуваат и во својот дом, а на јавно место можат во себе да имаат само 30 грама марихуана. Воведени се казни и за возачите кои се под дејство, но тие во главно се парични иако ви некои случаи можат да се казнат и со затвор.
Околу новонастанатата ситуација одлучија да се пошегуваат и претставниците на власта.
Ако планирате да консумирате канабис, ве советуваме пред тоа да купите нешто за јадење – во спротивно би можело да се најдете во ситуација во два часот наутро да ве фати желба за јадење, а прашање е дали ќе бидете способни да седнете за волан – порачаа полицајците од две покраини во Канада. Полицијата во Торонто пак, ги замолија граѓаните да не ги викаат доколку возрасна личност пуши на улица.