Реклама
Наши ѕвезди

НЕ ВЕРУВАЈТЕ ИМ НА ПОЛИТИЧАРИТЕ – Весна Бејби со интересна НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА што треба секој да ја прочита!

Реклама

Македонската актерка испрати моќна порака до своите фанови за крај на годината и ги воодушеви сите.

ФОТО: Инстаграм / Весна Бејби Петрушевска

Весна Петрушевска или Весна Бејби е една од нашите најдобри и најангажирани актерки.

Петрушевска ја започнала својата актерска кариера на 14 години, кога го имала првиот настап во македонскиот театар. На 16 години веќе го имала своето прво ток-шоу на МРТВ кое се викало „Пулсирање“.

Подоцна го започнала својот најуспешен ТВ-проект, ток-шоуто „Вртелешка“, коe се емитувало неколку години, а потоа следувало и краткотрајното ток-шоу „Вечер со Весна“.

Маркетинг
ФОТО: Инстаграм / Весна Бејби Петрушевска

Петрушевска глумела во голем број македонски театарски претстави меѓy кои се: „Кој се пла­ши од Вир­џи­ни­ја Вулф“, „Ва­ги­нал­ни мо­но­ло­зи“ и нејзината најпозната претстава: „Гос­по­ѓа Ми­ни­стер­ка“, која е изведена над 150 пати. Исто така, глумела во филмот Контакт, македонскиот кандидат за најдобар странски-филм на Оскарите во 2007 година.

Таа од бракот со бизнисменот Јанко има две деца, Мина и Кирил.

ФОТО: Инстаграм / Весна Бејби Петрушевска

Весна е посветена мајка, која масимално се дава себеси во таа животна улога.

Мина тргна по нејзините стапки глумеше во тинејџерската серија „Гласна куќа“, а има и во детскатата театарска претстава „Нашата љубов“.

Маркетинг

Кирил пак, се одлучи да замине од Македонија. Тој сега живее во Хјустон кај неговиот татко, каде го продолжи своето образование.

ФОТО: Инстаграм / Весна Бејби Петрушевска

Неодамна Весна сесоочи соогромна загуба – згасна животот на нејзиниот татко. Тоа беше најважниот маж во нејзиниот живот со кој беше премногу поврзана.

Предновогодошно актерката одлучи да напише мотивирачка порака до своите фанови.

ФОТО: Инстаграм / Весна Бејби Петрушевска

„Во следната година ви посакувам :

-не отварајте бизарни и вести кои нема ама баш никако да ви го разбистрат умот, напротив затапуваат

-бидете храбри

-сторете нешто со вашиот живот и учете ги вашите деца на здрав живот, читање книги и кријте им ги гаџетите барем три пати неделно (не е кривично дело)

-не верувајте на политичарите секогаш е ПР, верувајте на сопствениот ум, инстинкт и волја

ФОТО: Инстаграм / Весна Бејби Петрушевска

-кога ќе изгубите родител веќе сте потполно сами и неутешни

-се надевам дека следните наслови во медиумите ќе бидат исполнети со успесите на млади деца актери, со актери кои растураат на сцена и дека тоа ќе видат главни вести (а не оние шушумиги како *срушиле* инстаграм со очајна потреба за лајкови и кликови

Јас не престанав да мислам и да работам за да оставам знаење на младите генерации.Не свиткав кичма на бизарностите и тривијалностите.

ФОТО: Инстаграм / Весна Бејби Петрушевска

Се смеам и кога не престанувам да плачам.Ќе се обидам да ја живеам духовитоста на мојот татко кој беше за мене инспирација со широката насмевка.

Бидете свои и кога грешите и да гледајте AGENDA21mk @agenda21mk тоа е убедливо најдобриот тв формат годинава“, напиша Бејби.

Поврзано

Back to top button