Реклама
Наши ѕвезди

Не беше само пејачка, туку и кралица на македонската изворна песна – на нејзиниот глас и денес никој не може да остане рамнодушен

Реклама

Навршија 20 години од cмрттa на кралицата на изворната музика, пејачката, доајен на македонската народна песна и една од најпознатите македонските изведувачи на народна музика, Васка Илиева.

ФОТО: Архива

Васка Илиева не само што пееше, таа испишуваше историја.

Ретко кој може да се пофали дека во текот на кариерата пеел пред претседателите Тито и Черчил, пред кралицата Елизабета и познатата Марија Калас. Мора да се спомент и нејзините дуети со легендите на народната песна, Александар Сариевски и Никола Бадев, дуети кои при нивното слушање сеуште оставаат без здив.

Маркетинг

Васка Илиева е родена во скопската населба Чаир на 21 декември 1923 г. во семејство на музичари. Нејзиниот татко, Тодор Бошков Велков, бил познат гајдаџија. Васка Илиева својата музичка кариера ја започнува пред 1950 г. во Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“. Поради ненадминатиот стил на пеење и неповторливиот глас, Васка Илиева многу брзо станува многу популарна и настапува на безброј концерти, не само во татковинатa, туку и во тогашна Југославија, како и секаде во светот каде што живеат Македонци.

ФОТО: Архива

Станува препознатлива со песните: „Земјо македонска“, „Имала мајка“, „Излегол Невен Пејо“, „Аир да не сториш мајко“, „Сестра кани брата на вечера“ и многу, многу други. За време на долгата музичка кариера, во Република Македонија и насекаде по светот каде што живеат Македонци ја нарекуваа „Жива легенда“ на македонската народна песна, „Кралица на македонската народна песна“, како и „Амбасадор на македонската народна музика“.

Маркетинг

Поч-инала на 4 мај 2001 г. во родното Скопје на возраст од 77 години, оставајќи зад себе богато културно и духовно наследство. Во нејзина чест, а по повод 10 години од нејзината смрт, беше организиран и одржан концерт во Македонската опера и балет, на кои концерт настапија познати музички имиња, како и нејзиниот наследник Сузана Спасовска.

ФОТО: Архива

-Живееше за песната. Постојано на пат, на турнеи, на концерти… Редовно меѓу нашинците раселени по сите меридијани на светот. Беше буен, непресушен извор на македонската изворна песна. Пееше од душа, од срце… Знаеше на слава да дојде директно од турнеја, со цел оркестар и да направи таков штимунг што никому не му се одеше дома… Ех, кога ќе запееше… Да се наежиш, да заплачеш… Беше природен мецосопран. Имаше грло, тоа господ и го беше дал. Нејзиниот силен, продорен и оригинален глас, еднакво рустикално моќен и мелодичен и уникатната интерпретација, никого не оставаа рамнодушен.

ФОТО: Архива

Ги растреперуваше срцата на сите Македонци каде и да беше. Со своите настапи, носеше и радост и лек, будеше носталгија, и тага и болка, ама и безграничен патриотизам. Беше позната и барана насекаде, на сите континенти. Беше најголемиот амбасадор на Македонија, на исклучителниот македонски мелос, на македонската песна, на нашата особена вековна традиција и култура. Имаше причина да биде среќна. Секаде каде што гостуваше луѓето ја пречекуваа со френетичко скандирање. Велеше, додека можам да пеам ќе патувам насекаде и ќе ги веселам луѓето.

Светскиот успех и слава кои ги достигна, меѓутоа, не ја поштедија и не ја направија имуна на лични трагедии и човечки несреќи. Ама беше силна жена, и физички и карактерно. Ретко ведар човек, позитивна личност, со позитивна енергија. Комуникативна и отворена. Секогаш насмеана, подготвена за шега со секого.

На нејзиното лице не можеше да се види израз на грижа, нерасположба, замисленост, лутина или тага. Само таа знаеше како и е во душата, тагата ја носеше закопана длабоко во срцето, навираат како река сеќавањата за Васка Илиева, раскажа за МИА, нејзиниот брат Трпе Бошковски.

ФОТО: Архива

Малкумина ја знаат трагедијата која Васка ја доживеала во младоста.

Таа секогаш велела дека песната многу ѝ дала, но и многу ѝ земала. Сепак, песната била таа која ја одржувала во живот по големата трагедија. Со песната си ја лечела болката.

Нејзина најголема желба било да се оствари како мајка.

Таа останала бремена и отишла во болница да се породи. По два дена од болницата ѝ рекле дека детето го загубило животот, а Васка избезумена од тага избегала од болницата по ноќница и веќе не се вратила. До крајот на животот верувала дека детето ѝ е живо, а во некои интервјуа изјавила дека уште кога работела во „Танец“ ја условиле – или дете или кариера, па од таму добивла сомнеж за животот на соето чедо.

ФОТО: Архива

Никогаш повторно не се остварила како мајка. Велела дека ако детето ѝ било живо можеби ќе родела уште едно, но после големата траума одлучила да се посвети само на музиката. Велела дека до крајот животот ќе патува и ќе оди секаде да ги развеселува луѓето со својата музика.

На стари години се развела од сопругот, па по две-три години поторно се омажила, но тој брак не траел долго затоа што како што вели нејзиниот брат не бил склучен од љубов. На 57 години Васка се развела и од вториот сопруг. Сепак презимето од првиот сопруг го задржала затоа што со тоа презиме станала популарна.
Нема генерација која не знае по некој стих од Васка Илиева, за секого отпеа песна, остави ноти кои од најмлади до најстар ги потпевнуваат…

ФОТО: Архива

Васка поч-ина на 4 мај 2001 во родното Скопје во 78-та година од животот.

Мозочниот удар кој бил фатален за неа го добила во нејзиниот дом кога се подготвувала за снимање за одбележување на смрт-та на легендарниот Гоце Делчев. Оној Гоце за кој таа секогаш со љубов и жар во очите пееше и нижеше рефрени кои допираат до срцето.

Таа е синоним за македонската песна, за неа животот беше песна, а нејзината песна е бесмртна.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button