Неџла и покрај тоа што е бремена реши да го остави Бали-бег?! По ШОКАНТНАТА ВЕСТ веднаш се олгаси и миленикот на жените!
Наводно му се налутила заради свекрвата…
Како што пишуваат медиумите, проблемот бил во тоа што познатиот актер застанал на страна на својата мајка.
Познатиот турски актер Бурак Озчивит кого македонската публика го запозна по улогата на Бали-бег во серијата „Сулејман Величествениот“ од 2017 година е во брак со колешката Фахрие Евџен.
Тие веќе имаат едно дете, Каран, а Евџен е бремена со второ, па токму заради тоа нивните обожаватели беа шокирани кога како бомба одекна веста дека наводно сакала да го остави популарниот актер и миленик на жените.
Како што пишуваат турските медиуми, тие наводно имале многу тежок период бидејќи биле болни од корона, и цело време се расправале додека биле во изолација во нивниот дом.
Наводно нивните проблеми до толку ескалирале што Фахрие во еден момент го повишила тонот на свекрвата Чејхан, а Бурак застанал на страна на мајката, по што популарната актерка го напуштила нивниот дом.
Но набргу по ова парот се огласи на Инстаграм демантирајќи ги овие гласини со заедничко селфи, но и со коментар:
„Не бидете глупи! Оставете не на мира!“
Инаку парот кој за неколку месеци ќе добие уште едно дете е заедно од 2013 година, а во брак се од 2017 година.
Ова не е прв пат медиумите во Турција да пишуваат дека имаат проблеми во бракот, а тие и претходно ги демантирале овие шпекулации со заеднички фотографии на социјалните мрежи.
Откако се огласија турските медиуми објавија дека Фахрие навистина го напуштила нивниот заеднички дом, но не заради проблеми со свекрвата, туку затоа што со синот Каран била сместена во една приватна клиника во Бодрум.
Тие во Бодрум претходно беа на летување, а по болницата мајката и синот се вратиле во нивниот заеднички дом.
Фахрие е во третиот месец од бременоста, а на Инстаграм објави и неколку фотографии од одморот со синот Каран.
Тие не ретко споделуваат заеднички фотографии, а кога Бурак позираше со бремената сопруга сите беа воодушевени.
Многумина го коментираа нивниот природен изглед, како и неодоливиот шарм на бремената сопруга на Бали-бег.
Инаку, познатата актерка која наскоро влегува во третиот месец од бременоста, а полот на бебето се уште не го открила.
Меѓутоа таа не крие дека би сакала женско дете, па мнгумина претпоставуваат дека Бали-бег наскоро ќе добие ќерка.
Фото: Инстаграм/ Бурак Озчивит
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен