Реклама
Наши ѕвезди

Нејзините совети за убавина може да ги прифати секоја жена: Јорданската кралица на 47 години е без ниту една брчка, еве ја нејзината тајна

Реклама

Јорданската кралица Ранија им е пример на сите жени ширум светот, нејзината убавина, но и самодоверба со која зрачи го плени вниманието каде и да се појави. Нејзините одбрани модни парчиња се полн погодок, а секој тренд умее добро да го прикаже.


А секако може да се пофали и со совршен тен и младешки изглед, објавија медиумите.

Ова е нејзината тајна:

Маркетинг

Таа сака умереност во сѐ, па таков е и случајот со негата. На козметика не троши премногу пари, ниту користи многу производи. Верува дека клуч за добар изглед е употреба на препарат со вистински состојки, а не фрлање пари на скапи производи кои се моментално актуелни.

Нејзината ноќна рутина за убавина се состои од пена за чистење и тоник. После тоа нанесува хидратантна крема и серум кој содржи витамин Ц и колаген. Наутро се мие и нанесува тенок слој на дневна крема која на кожата ќе и обезбеди еластичност.
Кога кожата ѝ е исушена, што најчесто се случува во текот на летните месеци, користи пантенол.

Маркетинг

Еднаш неделно на лицето нанесува хранлива маска, а на секои 3 месеци посетува козметичар.

Благодарение на оваа рутина, на нејзиното лице нема брчки, иако наполни 47 години. Признава дека подобро се чувствува кога ќе нанесе и лесна шминка, па затоа не излегува од куќата без шминка.

А кога е во прашање шминкањето, таа не екпериментира многу со својот изглед. Еден благ слој течна пудра, добро руменило и малку маскара. Вели дека така се чувстува најдобро и тврди дека на ниту една жена не ѝ се потребни слоеви шминка.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button