Реклама
Вирално

Нејзината ќерка (10) ја победи леукемијата, а потоа наеднаш го изгуби животот – мајката ги обвинува докторите и болницата

Реклама

Го изгуби животот и покрај тоа што ја победи леукемијата

Мили Мејн беше десетгодишно девојче од Велика Британија успеа да се избори со тешката болест, но набргу потоа го изгуби животот во болница во Глазгов. Имено, таа откако успеа да се излечи од леукемија, додека закрепнуваше во болницата доби заразна инфекција која што ја дотолчи.

Маркетинг

Нејзината мајка Кимберли е уверена дека инфекцијата ја добила од контаминираната вода, додека здравствениот одбор во Глазгов инсистира дека причината за инфекцијата не може да се утврди. Овој случај стигна и до парламентот во Шкотска, а поради него ја повикаа да даде оставка министерката за здравје, Џини Фримен.

Мајката на девојчето за медиумите изјави дека лично од министерката побарала одговори за трагедијата на Мили, но добила само „општо уверување“ дека ќе биде спроведена истрага за целиот случај.

Маркетинг

Мајката со солзи во очите раскажува дека во 2017 година, кога нејзината ќерка го загуби животот, во истата болница имало и други 26 случаи кога пациентите го загубиле своите животи заради загадена вода, но дека официјалните извештаи во кои тоа е наведено болницата никогаш не ги објавила.

Мили две години претходно имала успешна трансплантација на матичните клетки и добро закрепнуваше, но наеднаш западнала во токсичен шок и по неколку дена не успеала да се избори со болеста.

На официјалниот извештај од патологот пишува дека нејзиниот катетер со кој примала лекови бил инфициран, но Кимберли вели дека вистинската причина е заташкана заради проблемите со вода во болницата.

Што се тоа матични клетки и кои болести се лекуваат со нив?

Матичните клетки од папочна врвка врвка се користат за лекување на повеќе од 80 заболувања. Секојдневно, бројот на можни третмани се зголемува, а лекувањето со матични клетки станува посебна гранка во медицината.

Стручни лица и научници ширум светот работат на откривање на начини на третмани на заболувања кои досега беа неизлечиви. Во папочната крв постојат разни видови на матични клетки. Преку складирање на целата крв во Vita 34, се задржуваат сите овие видови, а секој од нив има огромен потенцијал за разни заболувања.

Веќе денес, широк е спектарот на заболувања кои можат да се лекуваат со матични клетки. Методата на сочвување на целокупната крв која ја користи Vita 34 е единствена метода со чија помош се складираат сите видови на матични клетки.

Преку методите на издвојување т.е. редукција на папочната крв се складира само еден вид на матични клетки, додека останатите важни видови на матични клетки се исфрлаат. Широк спектар на третмани на разни заболувања ќе бидат достапни само доколку се сочуваат сите видови на матични клетки.

Леукемија (Leucaemiae C90-C95)

Малигнитет на крвните клетки и коскената срцевина, кои настануваат како резултат на неконтролираното размножување на крвните клетки и нивните претходници во коскената срцевина. Може да настане од било кои крвни клетки, а најчесто од белите крвни зрнца (леукоцити). Постојат повеќе видови на леукемии [акутна лимфоцитна леукемија (ALL), акутна миелодна леукемија (AML), хронична лимфоцитна леукемија (HLL), хронична миелоидна леукемија (NML), леукемија на плазма клетки итн].

Терапијата опфаќа траснплантација на коскена срцевина, хемотерапија и радиотерапија, трансфузија со крв и крвни деривати, симптоматско лекување. Лек од избор се матичните клетки.

Извор: Бисаве.мк, Еспресо.рс

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button