Нешто што ќе ви го разубави денот – средба на студентот со девојчето (11) на кое му го спаси животот
Ова девојче минатата година се бореше со автоимуна болест заради која можеше да го изгуби животот, но денес полека оздравува.
Докторите на Лејла Андерсон (11) и направија трансплантација на коскена срж што ја даруваше еден хуман човек. Во прашање е млад студент на медицина кој не можеше да издржи, па пушти солзи кога прв пат ја сретна малата Лејла.
Имено, Лејла го запозна својот донатор Кентон кој и го спаси животот. „Многу ми значиш и те сакам бидејќи сум пресреќен што оздраве и сега ти е добро. Само тоа сакав да ти го кажам“, и кажа Кентон кога се сретнаа.
„Се чувствувам како Лајла да е мојата најдобра другарка а се познаваме само 30 минути. Не ми е важно дали ќе одиме на кино или Дизниленд, туку само да поминеме квалитетно време заедно“, изјави тој пред камерите.