Во мода се „згужвани“ чизми, но не и панталони
Во последните неколку години сопругата на претседателот на Америка Доналд Трамп, Меланија, со својот моден избор ги воодушевува сите. Така беше и со комбинацијата во која носеше машки костум и високи потпетици, со која ги воодушеви критичарите, а и нашите познати дами.
Една од дамите која меѓу првите се осмели да носи слично издание е и сопругата на нашиот премиер, Зорица Заева.
Таа неодамна при посетата на канцелариите на Обединетите нации во Њујорк носеше панталони и сако во сива боја, а целото издание го заокружи со жолта блуска и ефектни високи потпетици во жолто-портокалова нијанса.
И додека останатите дами за вакви свечени пригоди попрво би одлучиле за некоја елегантна тоалета или сведен фустан, сопругата на премиерот со ова свое модно издание изненади многумина. И секоја чест за храброста.
Таа со ова издание навистина го освежи својот изглед, а единствениот проблем беше во тоа што панталоните изгледаа како да и се големи и беа поприлично стуткани.
Што мислите вие?