Неподвижна, со преживеан мозочен удар, со солзи во очите, Марина од Кочани моли за помош: Веќе немам ни денар!
Последните години животот ѝ се свртел наопаку.
Марина Лазарова од Кочани е доведена на тешка мака, па принудена е да бара помош јавно затоа што државата ја оставила на цедило.
Во интервју за „Види Вака“ 46-годишната жена ги открива тешкотиите со кои се соочила.
Последните години животот ѝ се свртел наопаку.
Работела во болница и во социјално, 13 години и 8 месеци на договор на дело, но потпишаниот договор со временски рок истекол и таа останала без работа.
Со цел да му помогне на семејството, за полесна егзистенција на децата, како и многу Македонци спасот го побарала надвор од границите.
Разбрала за работа во Италија и заминала на печалба.
Таму извесно време работела на лозје каде што ѝ се случила голема трагедија. Страотна сообраќајна несреќа ја остава неподвижна.
По извесно време Марина преживува мозочен удар по што добива длабоки последици. Таа веќе не може да се свижи без помагало.
Веќе немам ни денар!
Социјално не ми даваат, јас одам барам еднократна помош, не ми даваат. Одам во Црвен крст не ми даваат пакети. ме бркаат, објаснува таа.
Од Собранието ми помогнаа само Здружението на жени, вели Лазарова.
Марина во интервјуто нагласува дека најмногу помагаат сиромашните.
Богатите не помагаат, затоа што не веруваат, мислат дека некој лаже.
Таа низ солзи објаснува дека има само две години работен стаж, на целата мака додава дека туѓа нега има да земе само уште овој месец.
Марина е израсната во дом.