Реклама
Вирално

Непобедливиот Столе: „Бевме спремни за Келн, но НЕ и за Скопје. Ќе биде вистинско лудило!“

Реклама

Капитенот на Црвено-црните вчера по вторпат стана европски шампион и два пати во исиот дрес.

Непобедливиот Стојанче Стоилов по втор пат во својата кариера ја имаше можноста да биде европски шампион. И двапати во дресот на Вардар. Еве што изјави тој по натпреварот и историската победа на неговиот тим:

Маркетинг

„Ќе кажеш еднаш се случува, ама еве на нас вторпат ни се случи. Горд сум што сум дел од оваа екипа, секој ден е различен со овие момци, сите се легенди. Следните денови ќе биде лудило. За Келн бевме спремни, ама за тоа што следува не сме подготвени. Знаеме што ќе биде во Скопје, ама знам дека не се спремни. Ќе биде страшно лудило, ќе има многу луѓе на плоштад, треба тоа да се доживее“, изјави Столе за „Балкан Хендбол“ по натпреварот.

Тој направи и споредба на двете титули и додаде:

Маркетинг

„Ова е подрага титула, ама не може да се спореди со првата. Тогаш не знаевме што е Келн, што е фајналфор. Сега веќе знаеме како да се однесуваме, полесно беше оваа година. Ама цела сезона се што поминавме, ова е наградата“, вели капитенот на Црвено-црните.

Поврзано

Back to top button