Реклама
Бебиња

Неплодност, интелигенција, паѓање на коса – прочитајте кои карактерни особини ги наследуваме од мајките, а кои од татковците

Реклама

Научниците се сигурни во тоа дека детето интелигенцијата ја наследува од својата мајка, но што друго наследува од неа, а што од таткото?

ФОТО: verywellfamily.com

 

Отсекогаш кога детето ќе се роди, семејството и околината прават анализи на кого повеќе личи. И тоа се случува уште од првите денови.

Маркетинг

Но што вели науката за ова

Мал дел од карактерот е вроден. Сепак, поголемиот се стекнува со воспитување. Воспитувачките методи, стилови, влијанието на семејното опкружување се најважни за развојот и обликување на децата. Родителите се примарни во воспитувањето на детето па и со своето размислување, делување, постапки и комуникации на големо влијаат и на неговата иднина, објаснува Лана Кихас, магистер за рано и претшколско воспитување и образование.

Според неа, генетиката на детето е резултат на генетиката на неговите родители. На свет доаѓаме со наследство, но потребно ни е искуство за да се изградиме како личност. Иако генетиката е многу комплицирана и комплексна, сепак постојат правила кои според некои работи можат со релативна сигурност да се предвидат. Па така кога се работи за наследување на гените за висина, таткото има доминантна улога. Ако таткото е висок, и детето ќе биде високо.

Маркетинг

Генот за дебелеење го пренесува мајката

За боја на косата доминантна улога има мајчиниот ген за боја и структура на косата.

Исто така и генот за губење на косата доаѓа од мајчина страна. Со друго зборови мажите за својата ќелавост можат да и бидат благодарни на своите мајки.

Што се однесува до болестите, и за нив се виновни гените. Па така некои од оние што ги добива од таткото можат да ја зголемат веројатноста за срцев проблеми за 50 отсто, а артериите можат да подлежат на зачепување.

Исто така татковците кои имале проблем со неплодност често имале синови со исти проблеми, а и менталните проблеми се пренесуваат од татко на син.

Карактеристични црти кои се пренесуваат со доминантните гени се споени или густи веѓи, дупките на брадата, способноста да се свитка јазикот, бел прамен, кој почесто го имаат мажите, темна кожа, широка брада, дебели усни.

Рецесивни гени се светла или црвена коса, леворакост, сини очи и посветол тен.

Татко

Од татковците децата најверојатно ќе ја наследат височината, дупките на образите, обликот и структурата на забите, големи уши, облик на носот, полни усни, срцеви проблеми, неплодност, доминантната рака.

Мајка

Од мајките гени пак децата ја наследуваат бојата и структурата на косата, склоност кон побелување на косата, облик на палецот на нозете, брзината на стареење далтонизам, но исто така и интелигенцијата, начинот на спиење, проблеми со вишокот килограми, хемофилија…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button