Неочекуван пресврт во временските прогнози за Балканот. Според најновите податоци од Европскиот и Глобалниот нумерички модел, зимата чука на врата многу порано од очекуваното.
Веќе кон крајот на октомври и почетокот на ноември се најавува значително захладување, со можност за снег и на пониски надморски височини. Оваа ненадејна промена се должи на спуштањето на Поларниот вртлог и влијанието на феноменот Ла Ниња, кој се очекува да донесе многу студена и снежна зима.
Според прогностичките материјали со кои располагa Славчо Попоски, веќе двата најажурни модели, и тоа Европскиот (ECMWF) и Глобалниот (GFS) се согласуваат околу раното доаѓање на зимата на Балканот.
Имено, кон крајот на овој, и во почетокот на ноември месец се посигурна е голема промена на времето ширум Балканот, како и спуштање на Поларниот вртлог кој ќе донесе многу ниски температури за овој период од годината, па дури и снег како на повисоките места и на планините, така и понекаде во градовите.
Не се исклучува можноста кон крајот на овој, и во почетокот на ноември месец на многу места низ Балканот да има вистинска снежна идила.
Да не заборавиме, сето тоа е поради се поголемото влијаение на Ла Ниња, која носи многу постудено време, повеќе врнежи од дожд и снег. До крајот на оваа година Ла Ниња ќе го достигне својот максимум, па така претстојната зима сите ние очекуваме да го оправда своето име и да биде многу постудена и поснежна, поради тоа што претстојната зима како што и претходно кажав, ќе биде Ла Ниња зима, објави Славчо Попоски.