Реклама
CelebrityИнтервју

НЕОЧЕКУВАНО од водителката Елена – Дали ја замислувавте во вакво издание?

Елена како балерина! 

Реклама

Водителката Елена Стојановска -Јанковска е едно од најубавите ТВ-лица кај нас. Неодмана на нејзиниот профил се појавија неочекувани фотогарфии од неа. Оваа прекрасна дама е секогаш елегантна и грациозна, но овојпат се надмина себеси.

Елена како балерина!

Ни беше нејасно за што се работи, дали е тоа нејзина љубов од детството, дали се работи за некаков маскенбал… Ја исконтактиравме водителката и таа сподели со нас за едно интерсно нејзино доживување.

Маркетинг

 

Маркетинг

Сум пробала секаков тип на спорт, па дури и бокс и никаде не сум останала повеќе од два три месеци.

Уживајте во интервјуто во продолжение.

Како сте поврзани со балетот?

Балетот ми се случи неочекувано. Сум пробала секаков тип на спорт, па дури и бокс и никаде не сум останала повеќе од два три месеци. Кон крајот на минатата година, бев во некоја фаза во животот во која се ми беше здодевно, немав концентрација па дури ни волја за некакви дружби, излегувања и слично. Случајно го видов огласот за балет за возрасни во Студио Балерина и иако се плашев многу да се јавам, не знам како, се охрабрив.

Таму ме пречека Маја Каревски, наша позната балерина и балетски педагог и веднаш и реков дека најверојатно желбата ќе ми потрае неколку недели затоа што од секој тип на спорт сум се откажала. Таа тогаш ми рече, балетот не е спорт туку уметност и очекувам да останеш со нас. И така, почнав да одам на часови. Запознав жени, помлади и повозрасни, докторки, менаџерки, програмерки, студентки и иако сите со различни животи и професии почнавме многу убаво да функционираме. Некаде кон април, професорката ни рече дека ќе не подготвуваат за на сцена. Сите бевме исплашени, но и многу возбудени.

Но, сега откако веќе учествувавме во претставата и танцувавме на сцената на МОБ, која за мене е култ на уметноста кај нас, сите ние се чувствувавме и среќни и благодарни за довербата која ни ја укажаа нашите професорки по балет, Маја, Кала и Сара.

Длаи претходно сте оделе на балет?

Никогаш не сум одела на балет, ниту сум имала некој со оваа професија во семејството. Во училиште ни доаѓаа професорки, но како што реков ниту сум била некое активно дете, ниту сум мислела дека имам талент кој би можела да го развивам. Токму затоа, за мене ова беше еден личен предизвик, една мала победа на мојот страв.

Колку време вежбавте?

Половина година, но не беше само вежбање за претстава туку и објаснување на балетски поими кои првпат во животот ги сретнав. Освен тоа работевме и на растегнување и многу сум среќна што балерините несебично го делеа со нас своето знаење и беа многу трпеливи посебно затоа што сме аматери во возрасни години.

Раскажете ни малку повеќе за ова искуство до каде желбата за балет?

Иако како малечка сум се восхитувала кога ќе сум видела балерина која танцува, јас не сум имала желба за балет. Сум имала и многу интервјуа, познанства со балерини и знаев дека сето тоа што изгледа така магично на сцена во суштина бара многу макотрпен труд и работа. Уште поголема почит стекнав кога го гледав филмот Black Swan, кој за мене е ремек дело. Можеби тогаш ми се роди некоја желба, фасцинантно ми е како тие нежни балерини ги надминуваат своите лимити со својата силна желба и волја.

Која ви е омилена балетска претстава?

Па, мислам дека претпоставувате, дефинитивно Лебедово езеро.

На нејзината објава на инстагарм таа напиша:

Заедно со малите и големите балерини настапивме на сцената на МОБ во претставата Тајната на кукларот. Се разбира аматерски,но за мене беше преубаво искуство и мала лична победа🩰
Благодарност до @studio_balerina ,Маја,Кала и Сара за довербата! Се радувам на следната сезона 🩷

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button