Реклама
Вирално

Неочекувано – во Кина можен е НОВ БРАН од коронавирус!

Реклама

Во Кина може да настапи втор бран на вирусот корона штом во оваа земја ќе заврши карантинот.

„Кина едноставно ја затвори земјата. Но штом кинеските власи ќе почнат да ги укинуваат ограничувањата и животот ќе се врати во нормала, може да настапи втор бран на болеста вирусот корона (КОВИД-19). Се надевам дека нема да дојде до тоа“, изјави директорот на Центарот за контрола на болест на САД, Ентони Фаучи.

Маркетинг

Светската здравствена организација на 11 март ја прогласи епидемија од новиот коронавирус за пандемија.

Во повеќе од 120 земји во светот до сега се заразени повеќе од 157 илјади, од кои 76 илјади оздравеле, а 5.839 ги изгубиле животите, пренесуваат новинските агенции.

Маркетинг

Првата пациентка со коронавирус во Македонија денеска заминува дома

Првата пациентка со коронавирус денеска заминува на домашно лекување. Таа беше вторпат тестирана по дијагностицирањето на вирусот според насоките и препораките на Светската здравствена организација, соопшти Министерството за здравство.

Здравствената состојба на пациентите позитивни на КОВИД-19 кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна. Во стабилна состојба е и првата пациентка од Дебар која е на респираторна машина. Петте пациенти кои се лекуваат во дебарската болница се во добра здравствена состојба.

Министерството наведува и дека во текот на ноќта нема нови лица тестирани на корона вирус, а во моментов се чекаат брисеви за тестирање на три лица од Дебар. Нема нови случаи на заболени од коронавирус во земјава. Резултатите на седумте лица кои вчера беа тестиранин се негативни. Тринaесетте пациенти кои се сместени на Клиниката за инфективни болести се во стабилна состојба.

Пациентката од Дебар има значајно подобрување, но уште е непредвидливо

Пациентката од Дебар која е на респираторна машина има значајно подобрување на параметрите по приклучувањето на механичката вентилација, но со сѐ уште непредвидлива прогноза. Сите други пациенти се со лесна клиничка слика, вклучувајќи го и 15 годишниот пациент. Првозаболената пациентка денеска ќе биде отпуштена од болница на домашно лекување.

Во меѓувреме се спроведуваат мерките и препораките за справување со коронавирусот. Целиот здравствен персонал во сите јавно-здравствени установи и приватни болници е мобилизиран и ставен на располагање, доколку е потребно да работат во здравствена установа каде што ќе биде потребно. Приватните болници ги ставија на располагање своите капацитети, вклучително и близу 70 легла за интензивна нега, со респираторни машини за оваа патологија.

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека во државава има 120 респиратори, најголемиот број – близу 90 се во Скопје.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button