Неодамна се разведе, а наскоро повторно ќе стане татко? Познатиот водител повторно ги шокираше сите
Огњен Амиџиќ повторно ќе стане татко? Еве кога пристигнува приновата, веста ги шокираше сите
Познатиот водител Огњен Амиџиќ и неговата колешка и емотивна партнерка Мина Наумовиќ ќе се остварат во улога на родители.
Оваа вест ја пренесе српскиот Блиц од извор кој е близок до парот, а според кој бебето треба да пристигне следната година.
Наводно, авторот и водителот на најгледаната шоу програма во регионот „Амиџи шоу“ која се емитува на телевизија Пинк и неговата девојка за оваа вест дознале пред месец дена, и ја споделиле само со најблиските, пишува гореспоменатиот медиум.
Фото: Инстаграм
Познатиот шоумен и водител врската со својата колешка ја започна откако заедно работеа во емисијата „Амиџи шоу“ и важат за еден од најскладните парови меѓу познатите во регионот. Нивната љубов се случи спонтано и потполно ги промени нивните живот, а врската ја открија во јавност при крајот на јуни оваа година.
Амиџиќ од претходниот брак со манекенката со македонско потекло Даниела Димитровска го има синот Матиј, додека на Мина ова ќе и биде прво дете. Синот на Огнен одлично ја прифати неговата нова девојка и често го минуваат времето заедно, па одат и на патувања заедно.
Фото: Инстаграм
Мина и Огнен брзо започнаа заеднички живот, а комшиите и нивните пријатели ги фалат и откриваат дека го реновирале станот што би можело да значи дека веќе се подготвуваат прават распоред за пристигнување на новиот член во семејството.