Необична порака од организаторите на Евровизија – се однесува на претставничките од Србија. Фановите воодушевени!
Претставничките на бендот „Хурикејн“ кои што ја претставуваат Србија на Евровизија вечерва ќе настапуват во финалето во Ротердам.
Ураганките се пресреќни заради резултатот што го постигнаа во втората вечер од полуфиналето, додека на официјалниот профил на овој натпревар, за време на изведување на евровизиските песни, од сите изведувачи се појавуваа стихови од песните и коментари на сметка на истите.
Еден од ваквите Твитови беше инспириран со српската песна „Loco Loco“, па на него пишуваше „Ram-ba-ba-bam“, а ова го соедини целиот регион, па твитот за кратко време стана еден од најлакуваните од сите вечери, додека на бројните коментари на твитерџиите од Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска и другите земји во регионот не им се гледа крајот.
„Ви се заблагодаруваме што овој инспиративен твит го направивте најквалитетен од сите во текот на вечерта“, се огласија организаторите.
Thanks for making this inspired tweet the most liked of the evening everyone x https://t.co/K4Q8aJ6n5U
— Eurovision Song Contest (@Eurovision) May 20, 2021
Маркетинг
Инаку трите Србинките од „Хурикејн“ бележат феноменални резултати и на Јутјуб.
Нивната песна е најслушана од сите песни што беа дел од втората полуфинална вечер, додека прегледите од нивниот настап се повеќе од останатите земји кои настапуваа истата вечер, и тоа од сите заедно.
Исплови приватна снимка од хотелската соба нд Ураганките
Пејачките Сања Вучиќ и Ксенија Кнежевиќ одлучија да снимаат заедничко видео во живо, па се вклучија од своите хотелски соби во Ротердам и со фановите сакаат да споделат во каков амбиент уживаат.
И во еден момент, Ксенија сакаше да го покаже погледот од терасата, но сосем случајно го сними својот градник.
Кога сфати што направила, почна да се смее, како и Сања, а видеото веднаш стана хит на социјалните мрежи.
Тие на овој начин ги насмеаја своите бројни фанови на социјалните мрежи, како што тоа го правеа целото време и во текот на претходните денови.
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин