Вести

Ненадејно почина Миле Андонов, поранешен пратеник на СДСМ

Advertisement

Денеска попладне ненадејно почина Миле Андонов, долгогодишен стопанственик и политичар од Кочани.

Андонов е роден на 10.08.1962 година во Кочани. Дипломиран економист, а како член на СДСМ во три мандати беше пратеник во Собранието на Република Македонија.

Advertisement

Поранешен пратеник од редовите на СДСМ починал по пад од кров на неговата викендица на планината Осогово.

Според информациите на ТВ 24 од сдсм се работи за поранешниот пратеник Миле Андонов кој бил во пратеничкиот состав 2008 -2011 година и 2011 -2014 година. МВР потврдуваат дека таква несреќа се случила во Кочани.

Advertisement

– Во 18 часот од итната медицинска помош било пријавено дека на планината Осогово М.А. роден 1962 година од кочани додека работел на кровот од викендицата, паднал и починал на лице место. Од страна на итната медицинска помош била констатирана смрт, известен е јавен обвинител – се вели во соопштението на МВР.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button