Реклама
Интервју

„Немој да мислиш дека твоите соништа и планови се преголеми за тебе“

Реклама

Гламур интервју со Маја Апостолова, основач на концептот насловен „Мала Пажња“

Колку во Македонија се купуваат домашни производи ?

Многу ме радува фактот дека во последниве неколку години купувањето на домашни производи стана позитивен тренд. Дополнително е попривлечен доколку дизајнот содржи кирилично писмо, односно некој натпис на македонски јазик.

Маркетинг

Како го создадовте концептот „Мала Пажња“?

Сосема спонтано, без никакви планови и очекувања дека ќе прерасне во бренд. Најпрво започна како хоби, правев работи лично за себе како и подароци за најблиските. Откако увидов дека тоа навистина им се допаѓа, дојдов до идеја да започнам мал бизнис. Најпрво Мала пажња функционираше само онлајн, најмногу за да се испита пазарот и заинтересираноста. После една година постоење на социјалните мрежи, се отвори фирма и првата продавница.

Маркетинг

Зошто токму името „Мала Пажња“?

Тоа беше првата “фраза” која ми падна на памет во моментот кога ја создавав Фејсбук фан страната. Без многу размислување за други опции, остана тоа име затоа што сметам дека (иако е србизам) е фраза која често ја користиме во секојдневието и лесно “влегува во уво”.

Од каде ги црпите идеите за уникатни парчиња?

Од секојдневието, моменталните трендови, неретко лични ставови на одредена тема…идеите најчесто ми доаѓаат пред спиење, па си ги запишувам за да не ги заборавам до утрото :)

Што најмногу се подарува во Македонија?

Не би можела да издвојам конкретен артикл, само би кажала дека на луѓето им е важно подарокот да е персонализиран за личноста за која е наменет. Без разлика кој е поводот, секогаш она што е персонализирано оддава поголема почит кон оној на кој му се подарува.

Која ви била најчудната нарачка која сте ја добиле?

Јас би кажала дека не постои такво нешто како чудна нарачка. Тоа е релативно, она што мене ми е чудно, на некој не му е, и обратно. Во принцип, ваквите бизниси постојат за да може да се реализираат замислите кои не се обични, но не би ги етикетирала како “чудни”. Повеќе би ги нарекла уникатни.

Имаше ли негативни рекации и коментари по отворањето на „Мала Пажња“?

Мислам дека во секоја работа неизбежно е да има и понекоја негативна реакција и сметам дека тоа е здраво и поттикнува напредок. Сепак се работи со голем број на различни карактери и се разбира секој сака и треба на крајот да биде задоволен. Во досегашното наше работење имало многу различни ситуации, но се’ додека критиката е оправдана и конструктивна, истата е прифатена од целиот наш тим. За среќа, позитивните реакции и коментари се оние кои преовладуваат и кои ни го даваат главниот мотив за сите следни креативи.

Кој производи се повеќе барани, на кирилично или латинично писмо?

Дефинитивно на кирилично писмо. Претходно, повозрасната популација повеќе ги бараше кириличните натписи и дизајни, но во последно време и помладите ги преферираат. Сепак ние се трудиме и двете писма да бидат застапени во нашата понуда, да не ги ограничуваме клиентите, кои неретко се странци, само на еден избор.

Од вашето професионално искуство кој е повеќе романтичен, мажите или жените?

Ова не го одговара феминистот во мене, но, се разбира дека жените!  Еве можеби со одговорот ќе ги испровоцирам и натерам мажите да бидат малку покреативни, поромантични и почесто да си ги изненадуваат жените во нивниот живот, без разлика дали се работи за мајка, девојка, сопруга, сестра… бидејќи жените навистина многу се трудат при одбирање на подарок.

Животно мото?

Никогаш немој да мислиш дека твоите соништа и планови се преголеми за тебе!

Поврзано

Back to top button