Реклама
Кафе муабет

НЕМОЖЕ ДА ГИ СОКРИЕ СОЛЗИТЕ РАДОСНИЦИ: Данијела Мартиновиќ сподели убави вести, ова го чекаше долги години!

Ја објави долгонајавуваната книга...

Реклама

Пејачката Данијела Мартиновиќ откако беше тема број еден поради раскинувањето на дводецениската врска со пејачот Петар Грашо, се чини дека сега конечно ги остварува сите свои соништа.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Недолго откако на јавноста и стана познато дека ужива со својот нов избраник и дека ја нашла својата среќа по долго време од раскинувањето со Грашо, Данијела Мартиновиќ уште еднаш сподели добра вест и ја воодушеви публиката.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Данијела сега со гордост сподели дека нејзината книга излезе во печатена форма. Имено станува збор за еден вид мемоари наречена „Туширање на душата“, а покрај тоа што не ги криеше емоциите и солзите радосници, Данијела Мартиновиќ ја сподели убавата вест со своите обожаватели.

Маркетинг
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

-Кога една реченица, мисла, збор од оваа книга би допрел дел од вашето срце, би ви донела утеха, радост, инспирација, мир, ќе бидам најсреќна- тоа е мојата најголема награда, напиша пејачката на својот Инстаграм профил и додаде:

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

– Му благодарам на мојот ментор Бранислав Глумец, благодарам што беше тврдоглаво упорен и непопустлив додека се бранев со неодлучност. Благодарам што беше нежен и ме охрабруваше додека поминував низ неосветлен, непознат тунел од сопствените сомнежи. Благодарам на моето семејство. Благодарам на секој поединечно која на било кој начин е дел од мојот живот. Благодарам Боже, гласот на твојата тишина во мене е најгласен, напиша пејачката.

Маркетинг
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button