Реклама
Вирално

Нема пробување облека во соблекувална…Нови правила во трговските центри кои важат од денеска

Реклама

Владата ги донесе новите протоколи на кои ќе мора пополека да се навикнуваме.

 

Маркетинг

Ако сакате да пробате некое парче облека, ќе треба да го сторите истот дома откако ќе ја купите, задолжително ќе се носат маски, а на вратите ќе се врши дезинфекција на рацете.

Протокол за отворање и работа на молови

Маркетинг

1. Ограничено/скратено работното време (10:00-18:00) /затворени во недела
2. Регулирање на влезот на лица во затворениот продажен центар од страна на овластено лице, така што да не се дозволи групирање на луѓе во ходниците, така што ќе се дозволи по едно лице на 5m2.
3. Ограничување за лицата над 65 години, со можност за пазарување до 12 часот
4. Задолжително носење на заштитни маски и ракавици на вработените
5. Задолжително носење на заштитни маски на купувачите
6. Одржување на физичко растојание меѓу купувачите и меѓу купувачите и продавачите од 1,5m – 2m
7. Поставени на јасно видливи места, едукативно-информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење заштитни маски, одржување на физичка дистанца, редовно дезинфицирање на рацете, правилна респираторна хигиена. Дополнително, преку разглас (на секои 30 минути) информирање на купувачите за почитување на овие превентивни мерки
8. Регулирање на бројот на купувачи согласно квадратурата на продавницата, на 8m² – 10m² продажен простор, по еден купувач
9. Задолжително одредено лице од фирмата пред влезот на продавницата да го организира редот и бројот на купувачи
10. Пред влезот на продавницата обезбедено средство за дезинфекција на рацете
11. Во продавниците за облека забрането пробување на облека – да се даде можност за пробување дома со можност за замена на купената облека
12. Доколку на касите за плаќање не може да се обезбеди растојание од 1,5-2m помеѓу продавачот (касиерот) и купувачот да се постави бариера од плексиглас. Доколку има повеќе каси за наплата да се обезбеди растојание од 1,5-2m помеѓу касите во редот.
13. Пред касите да се обележи растојание (место за чекање) од 1,5-2m меѓу купувачите
14. Засилени санитарно-хигиенски мерки, односно зачестено чистење 4-5 пати во текот на денот со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот или 70% алкохол за дезинфекција за горните површини. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
15. Редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button