Реклама
Наши ѕвезди

Нема правда, има Бубамара! Тамара зема две бубамари, еве уште кои ѕвезди се израдуваа (ФОТО)

Реклама

Вечерва во салата Борис Трајковски се одржува  23-то издание на Златна Бубамара на Популарноста.

Овогодишната 23. Златна буба мара на популарноста ја продолжува традицијата на своите претходни изданија како најмасовна и најзабавна музичко-сценска манифестација што ги доделува најрелевантните награди.

Маркетинг

Организаторот и главен „осомничен“ за добрата забава на Златната Бубамара Ранко Петровиќ ги поздравува гостите во преполната сала и ја доделува наградата во новата категорија „Песна за век и векови“ на Џина Папас Џокси за неговиот евергрин „На Велигден“.

Церемонијал-мајстор и на оваа Златна Бубамара е актерот Сашко Коцев, задолжен за сатиричниот поглед врз настаните од минатата година.

Маркетинг

Откако добро ќе не изнасмее, Сашко ги додели наградите за пејачка на годината на Тамара Тодевска и за хит на годината за евовизиската песна „Прауд“, со која минатата година во Израел Тамара го освои осмото место на изборот за Песна на Евровизија. Во нов аранжман со Роберт Билбилов на клавир и во чело-придружба, Тамара ја пее „Прауд“.

Наградата за трајни музички вредности ја добива белградскиот рок-бенд „Електрични оргазам“. Основан 1980 година, по концертот на „Леб и сол“ во Белград, „Електрични оргазам“ е култна група за создавањето на белградската сцена, чија музика остави траги на целата регионална сцена.

А, дел од наградените веќе се пофалија на своите истаграм профили.

 

„Најголемо благодарам за сите што веруваат во мене. Овие две награди немаше да бидат возможни без вашата несебична поддршка. Да се сакаме и да си се гордееме сите. Ве сакам“, напиша Тамара Тодевска.

 

И актерите од „Дајте музика“ се заблагодарија на своите фанови. Тие ја добија наградата за најдобра Детска емисија.

Фото: Фејсбук/Истаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button