Нема ПОСРЕЌЕН од него: Дац објави ПРЕКРАСНА ВЕСТ – честитки пристигннуваат од сите страни
Македонскиот актер доби нова животна улога, па се огласи на Фејсбук со емотивен статус кој ги трогна сите.
Дац стана дедо и убавата вест ја соопшти на социјалните мрежи, па честитките не престануваат да се нижат.
Еден од најпознатите македонски актер на денешницата е актерот Драган пасов-Дац. Скооро и да не постои човек во земјава кој не памети некоја од неговите театарски или филмски улоги.
Во една своја објава напиша дека за негови најголеми достигнувања ги смета неговите синови од првиот брак Јаков и Стефан, неговата прекрасна сопруга Весна и нејзината ќерка Јана, неколкуте улоги во театар, телвизија и филм.
Активен е на социјалните мрежи, кае често знае да напише по некоја емотивна порака за своите сакани.
Емотивна порака напиша и за својата новородена внука.
Неговиот син, Јаков и неговата сопруга Софија станаа родители. На 2. март на свет пристигна малата Гаиа.
Ова име потекнува од грчката митологија.
Станува збор за името на божицата на Земјата. Сметана за мајка божица, таа била персонификација на духот на Земјата. Од неа се родил светот, а нејзиното создавање донело смиреност во инаку хаотичниот универзум. Сама, Гаиа ги создала планините и океаните.
Дац убавата вест ја соопшти на социјалните мрежи, па честитките не престануваат да се нижат.
„Секогаш кога ќе се роди некое чедо, земјата станува потешка за околу 3,5 килограми, станува посреќна за илјадници срцебајти, станува помудра, пољубовна поубава, понежна… така земјата прави рамнотежа со ѕвездата што се раѓа во негова чест.
Во тој миг насмевките се зголемуваат на најмалку илијадници усти а планетата благо трепери од нивната моќ. Всушност така планетата се врти, се движи и патува низ бескрајната вселена.
Во тој миг мајката се претвора во водопад а таткото во најсилниот вулкан за да го извикаат името на своето чедо кое ја има енергијата на своите предци!
Добре дојде на планетава внуко моја Гаиа!
И сакам да знаеш дека…
Ќе ти ја сакам косата,
убавото носе и насмевката.
Ќе ти ги сакам очите,
и веѓите и трепавиците.
Ќе ти го сакам грлото,
и плачот и гласот.
Ќе ти ги сакам прстињата,
и рачињата и ноџињата
Ќе ти сакам се’
а најмногу добрината!
Твојот дедо Дац“! – напиша актерот.
ФОТО: Фејсбук / Драган Спасов-Дац
ФОТО: Фејсбук / Драган Спасов-Дац
ФОТО: Фејсбук / Драган Спасов-Дац
ФОТО: Фејсбук / Драган Спасов-Дац
ФОТО: Фејсбук / Драган Спасов-Дац
ФОТО: Фејсбук / Драган Спасов-Дац
ФОТО: Фејсбук / Драган Спасов-Дац
ФОТО: Фејсбук / Драган Спасов-Дац
ФОТО: Фејсбук / Драган Спасов-Дац
ФОТО: Фејсбук / Драган Спасов-Дац
ФОТО: Фејсбук / Драган Спасов-Дац
ФОТО: Фејсбук / Драган Спасов-Дац
ФОТО: Фејсбук / Драган Спасов-Дац