Нема поголема среќа: Македонскиот пејач СТАНА ТАТКО – бебето доби необично име
Еден од најпопуларните музичари во моментов во земјава стана татко.
Таско убавата вест ја соопшти на социјалните мрежи, а честитки веднаш почнаа да пристигнуваат.
Кристијан Тасковски во јавноста познат како Таско се оствари во улогата на татко – неговата сакана на свет го донесе нивното прво дете.
Тој во моментов е еден од најпопуларните рапери во земјава, но и пошироко.
За кратко време ја освои публиката, а неговите настапи се вистински спектакл.
Неговата музика се слуша и во регионот, каде има соработки со најголемите балкански ѕвезди.
Ретко зборува за неговиот приватен живот, па најновите информации дека се оженил и очекува дете пристигнаа како гром од ведро небо.
Тој и неговата сакана, Таша Реј направија свадба за паметење за која се зборуваше долго после тоа.
На нивната свадба присуствуваа многу колеги од естрадата, но и градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски.
Невестата Таша Реј која скоро е на крајот од бременоста цела свадба танцуваше и беше премногу весела.
За оваа прилика таа се одлучи за интересен невестински фустан со огромен шлиц, кој одлично го истакнува нејзиното трудничко стомаче.
Вчера на свет пристигна нивното прво дете, нивниот прв син.
Таско ја соопшти убавата вест на Инстаграм и откри дека одлучиле бебето да се вика Лукијан.
Честитки!
ФОТО: Инстаграм / Таско
ФОТО: Инстаграм / Таско
ФОТО: Инстаграм / Таско
ФОТО: Инстаграм / Таско
ФОТО: Инстаграм / Таско
ФОТО: Инстаграм / Таско
ФОТО: Инстаграм / Таско
ФОТО: Инстаграм / Таско
ФОТО: Инстаграм / Таско
ФОТО: Инстаграм / Таско
ФОТО: Инстаграм / Таско
ФОТО: Инстаграм / Таско
ФОТО: Инстаграм / Таско
ФОТО: Инстаграм / Таско