Реклама
Вирално

Нема повеќе никакви дилеми: Докторите објаснуваат по што се разликува грипот од коронавирусот

Реклама

Единствен параметар врз основа на кој може да се заклучи дека лицето има сезонски грип или коронавирусот е лабораторискиот тест, изјави д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ од институтот „Батут“.

 

Маркетинг

Д-р Кисиќ истакна дека не постои ниту еден специфичен симптом за кој би можело со сигурност да се каже дека станува збор за грип или коронавирус.

Додава дека и сезонскиот грип и коронавирусот имаат слични симптоми, и дека ориентационо би можела да се утврди дијагноза по преглед и рентген на белите дробови, но дека вистински начин за разликување е лабораторискиот тест.

Маркетинг

На прашањето дали вакцините против грип и коронавирус, кога ќе биде дозволена, би можеле да се даваат истовремено, Кисиќ наведе дека тоа зависи дали станува збор за жива вакцина или не.

Додаде дека вакцината против грип, која се користи на европскиот континент, не е жива, како ниту една досега откриена вакцина против коронавирус и дека тие би можеле да се дадат истовремено.

За живите вакцини, објаснува таа, потребно е да помине период меѓу давањето од четири недели.

Запрашана за начинот на исхрана и користењето витамини во престојниот период, за да се заштитиме од вирусот, Кисиќ рече дека нема силни докази дека исхраната може да не зачува од вирусот, но, додава дека здравиот начин на живот влијае на општата отпорност на организмот.

Тоа само ќе помогне, вели, заразеното лице да се избори полесно со инфекцијата.
Епидемиологот Предраг Кон додаде дека освен здрава исхрана за зголемување на општата отпорност на организмот важен е и добар сон, од витамините посебно е добро да се користи витамин Д, а од олигоелементите, цинк и селен.

– Тоа е за зголемување на општата отпорност на организмот, меѓутоа, знаеме дека исхраната не може да спречи инфекција, туку само вакцината, заклучи Кон.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button