Нема плачење! Македонската Гранд ѕвезда беше сета избезумена, нејзината колешка ја утешува (фото)
Еве што се случуваше зад сцената во „Ѕвездите на Гранд“ пред Поповиќ да ја соопшти одлуката
Пејачката Андријана Петрушовска ја воодушеви публиката од Македонија со нејзината изведба на песната „Јовано, Јованке“.
Таа посебно ги изненади сите со наметката што ја носеше преку фустанот, а на која беше симболот од старото македонско знаме (Сонцето од Кутлеш), па пејачката кога се сврте направи вистинско шоу.
Но и покрај генијалниот настап, гласовите на крај беа изедначени, по што Саша Поповиќ одлучи директно во следниот круг да оди пејачката Џула Дрини со која Андријана настапи во дуел.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Веднаш по оваа одлука на Поповиќ, Џула пред камерите на „Гранд“ зборуваше за своите впечатоци откривајќи дека Петрушовска според неа е една од најдобрите пејачки во шоуто, но и дека се расплакала од возбуда кога го слушнала резултатот.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Џула исто така откри дека според неа Петрушовска е потполно кул и опуштен лик, заради која и таа имала помалку трема.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Поддршката и пријателството се најважни
Веднаш по настапот се огласи и самата Петрушовска, уште пред да биде баражот, но и Александра Иванов со која се мошне блиски.
И бидејќи Александра успеа да се пласира директно во полуфиналето, таа доби искрени честитки од својата пријателка.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Но и Александра и порача на Петрушовска, која во тој момент беше „избезумена“ што заврши во бараж, дека била совршена и дека ќе и држи среќа да помине. Тие тогаш и се прегрнаа пред камерите покажувајќи дека навистина се добри пријателки и колку меѓусебната поддршка им значи, а Александра и го кажа и следново на Петрушовска:
„Нема повеќе плачење. Јас кажав, тоа што беше, беше. Сега одиме само забава, насмевка и тоа е тоа“, и порача тогаш Александра на Андријана, по што Македонката потврди дека шоуто мора да продолжи.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
„Ќе испиеме некој пијалак вечерва, да прославиме за тебе“, нагласи тогаш згодната Андријана откривајќи дека тие планираат заедно да излезат по завршувањето на снимањето, додека нејзината колешка не сакаше ни да слушне за еднострана прослава, па продолжи да ја бодри.
„Ќе помине, нели? За тоа ти зборувам. Нема нервози женска, ќе поминеш 100 % – и даде Александра поддршка на својата пријателка.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
И на крај така и се случи
Имено, Андријана растури и во баражот, а Саша Поповиќ на крајот одлучи сите кандидати да ги пушти во финалето.
По конечната одлука на Поповиќ, се огласи и Андријана на социјалните мрежи, а нејзиниот коментар ја воодушеви нашата публика.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
„Горда сум што можам на Македонски јазик и во Македонски ритам да ја претставувам мојата Македонија! Одговорност, чест и неопислива среќа е да можам преку музика да говорам за Македонската традиција и безвременските песни од кои при првиот такт заигрува Македонското срце! Ви благодарам на поддршката“, напиша пејачката.
Како изгледаше нејзиниот настап, потсетете се во продолжение…