Нема некој што не слушнал за Агнеса Органџиева, а еве како изгледа и НЕЈЗИНАТА МАЈКА – ќе се изненадите колку си личат
Агнеса Органџиева во моментов важи за една од најпознатите Македонки на социјалните мрежи.
Нејзините објави се едни од најкоментираните на интернет, а само на Инстаграм веќе има преку 40.000 фанови што е бројка која воопшто не е за потценување.
Колку за споредба, ќе споменеме само дека повеќето наши познати пејачи и пејачки имаат многу помалку фнови од неа, со тоа што популарноста на Агнеса од ден на ден се зголемува, па нема да се изненадиме ако за брзо време бројот на нејзините фанови достигне бројка од преку 100.000.
Само да потсетиме, таа во центарот на вниманието се најде по разводот од својот поранешен сопруг, Роберт Орданоски.
Детали од сагата за крајот на нивната романтична љубов беа јавно споделени на социјалните мрежи, па корисниците на истите можеа да слеат што се случува меѓу нив, и тоа најмногу благодарение на Орданоски, поранешниот директор на Агенцијата за електронски комуникации. Но по некое време тие како да решија повеќе да не ги изнесуваат „валканите алишта“ во јавноста, па „пикантериите“ од нивната голема поранешна љубов останаа „зад затворени врати“, а Агнеса успешно зачекори кон новите предизвици во животот.
Таа сега редовно објавува свои фотографии на кои изгледа беспрекорно, но кои истовремено претставуваат модна инспирација за многу жени.
Таа неодамна на својот профил на социјалните мрежи објави и неколку фотографии од својата мајка со која ја воодушеви својата публика. Од фотографиите можеме да видиме дека убавината ја наследила од неа, но и дека и нејзината мајка се држи одлично за свои години.
Инаку, неодамна поразговаравме со Агнеса, која за „Мама.Гламур“ отворено зборуваше за мајчинството.
Меѓу другото ја прашавме и каква е и таа како мајка, на што шармантната Агнеса ни одговори:
„Јас како мајка сум доста сериозна и одговорна. Практикувам сè да е по распоред …хранење, капење, спиење, игри, бидејќи за мене секогаш е важен и корисен режимот. Можам и слободно да се наречам кралица на игрите“.
„Иако на изглед наликувам на поладна личност, вистината е дека за мене моите деца се центарот на универзумот и секоја моја акција ја правам во име на нивната среќа“ изјави Агнеса.
Целото интервју можете да го ѕирнете тука…
Фото: Фејсбук/ Агнеса Органџиева
Фото: Фејсбук/ Агнеса Органџиева
Фото: Фејсбук/ Агнеса Органџиева
Фото: Фејсбук/ Агнеса Органџиева
Фото: Фејсбук/ Агнеса Органџиева
Фото: Фејсбук/ Агнеса Органџиева
Фото: Фејсбук/ Агнеса Органџиева
Фото: Фејсбук/ Агнеса Органџиева
Фото: Фејсбук/ Агнеса Органџиева
Фото: Фејсбук/ Агнеса Органџиева
Фото: Фејсбук/ Агнеса Органџиева