Реклама
Наши ѕвезди

Нема некој што не ги знае Шехерзад и Онур, но погледнете го нивниот ЛУКСУЗЕН дом – ваква домаќинка немал ни султанот!

Реклама

Една од омилените турски актерки, 38 годишната Бергузар Корел, позната е по турската серија 1001 ноќ.

Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел

Таа во оваа популарна серија ја глумеше легендарната Шехерзад, а нејзиниот сопруг 50 годишниот Халит Ергенч, кој се прослави со улогата на Сулејман го толкуваше главниот јунак и во оваа позната турска серија.

Убавата Шехерзад неодамна сподели фотографија од која можеме да видиме како изгледаат нејзините утра, но и појадокот во семејството.

Маркетинг

Покрај тоа што покажа како изгледа веднаш откако ќе стане од креветот, таа откри и со која храна го започнува денот.

Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел

Познатата турска актерка не крие дека сака раскошна трпеза за појадок. На својот Инстаграм сподели фотографија од која може да се види дека на масата има барем три вида на јадења за појадок за своето семејство, а покрај јајцата на кајгана што ги подготвува секое утро, како задолжителен дел од нивниот појадок ги наведе и здравите печива, овошје и разни видови на сирење, што може да ги видиме и ние.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел

Покрај храната, обожавателите го забележаа и пофалија и изгледот на шармантната домаќинка.

Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел

Позирајќи со кујнска крпа на рамениците, со престилка и со својата препознатлива насмевка таа доби голем број комплименти и ласкави коментари.

Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел

Инаку, нејзиниот сопруг Халит Ергенч наполни 50 години и тоа непосредно откако го доби својот втор син.

Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел

Бергузар и Халит веќе го има осумгодишниот син Али, кој е воодушевен што има постаро братче.

Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел

„Халит секогаш ми помага во сé. Не се сеќавам дека некогаш сум се чувствувала осамено во смисла дека сама морам да го воспитувам и одгледувам Алу, за време на сите овие години“ – гордо изјави Бергузар непосредно пред второто породување. Тоа што е опкружена со тројца мажи не само што воопшто не ја плаши, туку напротив, максимално ужива со нив.

Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел

„Фактот дека во куќата имате тројца мажи и дека сите тие ќе ме сакаат прави да се чувствувам уште поубаво, и воопшто тоа не ме плаши, туку напротив ме радува многу“, заклучи тогаш шармантната турска актерка која сите ја паметиме по нејзината геијална улога на Шехерзад.

Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button