Во француско основно училиште, поради опасноста од затворање заради мал број на ученици, решија да запишат овци како ученици, пишува Sky News .
Имено, властите го предупредија училиштето во малиот град Жулс-Фери во Кретењ е Белнеден, кој се наоѓа во подножјето на Алпите, дека поради многу мал број ученици, наскоро ќе мора да го намалат бројот на часови.
Поради тоа во училиштето беа запишани десетина овци
Во училиштето во малиот град со само 4.000 жители присуствуваа само 261 деца. Сепак, десетина овци неодамна се приклучија на листата на ученици, што всушност беше симболичен потег од несреќните родители кои ја опишаа нивната ситуација како „мизерна”.
Овците биле „запишани” од локалниот фармер Мишел Гирер, кој, со помош на неговото куче, ги испратил новите „ученици“ во училиштето и официјално ги предал нивните документи на одговорните во школото.
„За жал, националното образование е сведено на бројки. Сега ги зголемивме овие бројки и сè треба да биде добро, нели?” изјави Гаел Лавал, еден од родителите иницијатори за оваа необична, но очигледно успешна иницијатива.