Реклама
Наши ѕвезди

Нема да ја препознаете – Фифи денес изгледа многу поразлично, како вистинска девојка. Згодна е и има тело на манекенка!

Реклама

Нема да го препознаете

Фото: Инстаграм/ Џија Јаневска

Пред седум години, Фифи Јаневски привлече големо внимание во јавноста кога се појави на популарното музичко шоу „Икс фактор“, и тоа како со својот глас, така и со специфичниот изглед и имиџ што тогаш го „фураше“.

Пејачката во ова шоу учествуваше во 2013 и 2014 година и тоа беше првата сезона од „Икс фактор“.

Маркетинг

Пејачката која е родена како Филип Јаневски, покрај својот извонреден вокал и специфичен изглед вниманието на медиумите го привлече и со тоа што призна дека е тpaнceкcyалeц. Нејзиното учество беше одбележано и со медиумскиот cкaндaл што настана по коментарот на Жељко Јоксимовиќ кој тогаш беше дел од жирито.

Маркетинг

Фифи денес се претставува како Џија и е еден од најпознатите македонски тpaнвecтити. Таа веќе неколку години живее во Шведска и се уште пее и се залага за правата на ЛГБT заедницата. Кога се појави во јавноста, предизвика бројни полемики, а по некое време замина од Македонија.

„Верувај во себе и не замерувај им на хејтерите“

Еве што таа изјави во една пригода:

„Споредба за моето лично искуство во Македонија со ова во Шведска воопшто не можам да направам бидејќи, за жал, Македонија, во менталитетот, науката, најновите медицински истражувања, е добри 70 години поназад од Европа. Тоа е многу тажно, но во исто време сум среќна што има мал напредок во тоа општество“ кажа таа.

Фото: Инстаграм/ Џија Јаневска

„Шведска е земја која треба да е пример за неразвиените општества и тоа во кој правец треба да се движат за сите граѓани да се еднакви, среќни и слободни. Овде нема предрасуди и човековите права се ставени на прво место, затоа и нема ниту насилство, ниту дискриминација“.

„Овде на луѓето им е срам да дискриминираат, и не можат да сфатат како некои општества можат тоа да го прават“ – раскажа Фифи во една пригода. Таа за порталот „Мајка и дете“, навраќајќи се во минатото, раскажа дека знаела дека е женско уште на своја петгодишна возраст и дека после сите непријатности и проблеми во семејството и со средината, денес е конечно среќна.

„Ослободете се од предрасуди. Оставете секој човек да биде тоа што сака да биде. Немојте да живеете во ограниченост и црно-бел свет. Многу е поубаво и човековата душа е поисполнета кога прифаќаш сѐ, живееш во свет кој ги опфаќа сите бои и се радуваш на сечиј успех. Сите сме луѓе, сите сме исти – пишува таа на нејзиниот профил на „Фејсбук“.

Фото: Инстаграм/ Џија Јаневска

Таа за ваквите свои ставови и идеи се уште се залага, а тоа можеме да го видиме и од една од нејзините последни објави на социјалните мрежи, кога на една своја фотографија објавена на Инстаграм напиша:

„Верувај во себе и не замерувај им на хејтерите“.

Ова е една од последните пораки што Фифи ги има објавено на Инстаграм. Ние денес „скокнавме“ до нејзиниот профил на оваа популарна социјална мрежа и навистина бевме изненадени од она што го видовме. Имено, таа денес изгледа потполно поинаку. Има долга коса и сега потполно личи на девојка, во што може да се уверите и сами.

Фифи шред да замине во Шведска

Погледнете ги нејзините фотографии…

Фото: Инстаграм/ Џија Јаневска
Фото: Инстаграм/ Џија Јаневска
Фото: Инстаграм/ Џија Јаневска
Фото: Инстаграм/ Џија Јаневска
Фото: Инстаграм/ Џија Јаневска
Фото: Инстаграм/ Џија Јаневска
Фото: Инстаграм/ Џија Јаневска
Фото: Инстаграм/ Џија Јаневска
Фото: Инстаграм/ Џија Јаневска
Фото: Инстаграм/ Џија Јаневска
Фото: Инстаграм/ Џија Јаневска
Фото: Инстаграм/ Џија Јаневска
Фото: Инстаграм/ Џија Јаневска
Фото: Инстаграм/ Џија Јаневска
Фото: Инстаграм/ Џија Јаневска
Фото: Инстаграм/ Џија Јаневска
Фото: Инстаграм/ Џија Јаневска
Фото: Инстаграм/ Џија Јаневска
Фото: Инстаграм/ Џија Јаневска
Фото: Инстаграм/ Џија Јаневска
Фото: Инстаграм/ Џија Јаневска
Фото: Инстаграм/ Џија Јаневска

Поврзано

Back to top button