Нема да ја препознаете – еве како Агнеса изгледала на својата свадба! НЕВЕPOJAТНА тpaнсфopмација, нема да ја препознаете!
Таа денес е една од најпознатите Македонки на Инстаграм
Русокосата Агнеса Органџиева, поранешната сопруга на поранешниот директор на АЕК, Роберт Орданоски, „преку ноќ“ стана познато лице во Македонија.
Познатата трендсетерка најпрво беше во центарот на вниманието заради разводот од својот поранешен сопруг Роберт Орданоски, но потоа таа почна да го привлекува вниманието и како инфлуенсерка.
Органџиева денес е поприлично позната на социјалните мрежи, а како што самата вели, само последниот cкандaл што и се случи деновиве и што одекна во јавноста допринел да има нови 4000 следбеници на својот профил.
Имено, атрактивната скопјанка деновиве повторно се најде на тапет, а причината овој пат не беше односот со нејзиниот поранешен маж и татко на нејзините деца, туку наводна тeпaчкa со нејзина колешка.
Но како што самата Агнеса откри во интервју за ММС, не станувало збор за ништо сериозно како што објавија медиумите.
Според неа, нејзината колешка тоа го направила во афект, и немало никаква тeпaчкa, туку само мало подбyтнување и жecтока вербална комуникација помеѓу две колешки и пријателки. Сепак, работите на крај завршиле среќно, тие се смириле, па сега повторно се во добри односи, а како што самата изјави, таа и од овој скандал профитирала, односно за само неколку дена добила неколку илјади нови следбеници, така што сега има скоро 50.000 фанови.
Таа не крие дека убаво заработува од социјалните мрежи, но откри и дека парите не ги троши, туку ги чува за децата.
Инаку, Агнеса во центарот на вниманието дојде по бурниот развод што го имаше со поранешниот директор на АЕК, Роберт Орданоски. Тие и претходно им беа познати на јавноста, но не во толкава мера, а со недели се зборуваше за нив откако сами почнаа да откриваат детали од нивното заедничко минато и меѓусебно да се обвинуваат преку социјалните мрежи.
Но денес тие ја смирија топката, и како што вели Агнеса, сега се во добри односи, а не крие дека тој е и одличен татко на нејзините ќерки.
Што се однесува до нејзината популарност, Агнеса со својот убав и гламурозен изглед никого не става рамнодушен.
Таа има фантастичен дамски стил, па нејзините фотографии преставуваат инспирација на многу Македонки.
Таа на овој начин ја заслужи титулата дека е една од најатрактивните Македонки на социјалните мрежи.
И како растеше нејзината популарност, така растеше и интересот за неа, па таа почна и да заработува од тоа.
Нејзините фанови се навикнати да ја гледаат во најразлични изданија, а една стара фотографија на која таа е невеста, се уште се врти на социјалните мрежи.
Фотографијата предизвика лавина од коментари, од тоа дека и тогаш изгледала многу привлечно, па се до оние што ја критикуваат дека за нејзиниот денешен изглед се заслужни бројни ecтетcки интервенции.
Агнеса со својата мајка
Таа сега е препознатлива по својата долга руса коса и сензуални црти на лицето, но како што самата откри во една пригода, досега нема направено ниту една ecтетcка кopeкција, туку за нејзината убавина заслужи се гените. Како што самата вели за тоа најголем виновник е нејзината мајка, која и денес изгледа како да има педесет години.
Како и да е, таа за себе вели дека сега е во своите најубави години и дека сака да го живее животот со полни гради, а како изгледала некогаш, но и некои од нејзините најдобри изданија, погледнете во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева