Нема да ги препознаете – погледнете колку си личеле во младоста близначките Маријана и Росана, ќе се воодушевите!
Пејачките во младоста изгледа многу поразлично, а неодамна имавме прилика да видиме и колку си личеа како деца.
Кога се појавија на сцената за многу кратко време се искачија на самиот врв на ѕвезденото него.
Тие им беа омилени на своите фанови, како заради тоа што беа сестри близначки, така и заради нивниот беспрекорен глас. Публиката ги сакаше, а нивните хитови „Признавам“, „Едно срце имам душо“, „Стој“, „Ако не исчезнам“ се уште се вртат на нашите радио станици.
Но по некое време ќе решат да престанат со музика, по што Маријана ќе замине во Австралија каде денес работи како стоматолог, а нејзината сестра Росана ќе остане во Македонија. Таа е омажена со нашиот познат актер Ѓорѓи Тодоровски – Трупче, а пред неколку години повторно се појави на „Макфест“, кога ја освои наградата за најдобра интерпретација, но и вети дека ќе продолжи да снима нови песни за нејзината верна публика и за оние што ја сакаат.
Што се однесува до нивното детство, Росана во една пригода ќе изјави дека таа била помирната, а нејзината сестра Маријана попалавата во секој поглед, „Јас повеќе сакав и се трудев да помагам на мама, а таа секогаш се извлекуваше со изговор дека има за учење“ раскажува Росана.
Како тие изгледаа како мали погледнете во продолжение:
Тие во младоста сигурно ни не верувале дека еден ден ќе бидат едни од најпознатите пејачки во Македонија.
Инаку, Росаната Сариќ Тодоровска е во брак со актерот Ѓорѓи Тодоровски- Трупче со кого минатата година ја прославија јубилејната, 20 години од свадбата. Нивната љубовна приказна започнала во 1988 година, кога пејачката одвај го натерала својот иден сопруг да облече костум.
„Јас не сакав да носам бело, немав класичен невестински фустан, носев розово. Беше многу романтично. Немавме класична свадбарска музика, туку акустична, со виолини, гитари, мандолини. Свадбата беше во тогашно „Езерце“ и беше многу романтично“, се присети Росана на својот најубав ден во животот во една пригода за „Женски магазин“.
Близначките својот прв настап во дует го имаат на 17 годишна возраст. Кариерата ја започнуваат со поп мелодии, а откако Маријана се иселува во Австралија, Росана продолжува со својата соло кариера. Таа го менува и стилот, така што денес е една од ѕвездите на фолк естрадата, за разлика од Маријана, која во Австралија работи како стоматолог.
Таа има две деца – ќерката Магдалена и синот Филип.