Реклама
Наши ѕвезди

НЕМА ДА ГИ ПРЕПОЗНАЕТЕ: Погледнете како изгледале пред 30 и кусур години Дарио Панковски и Џокси

Реклама

Дали би можеле да ги препознаете двајцата легендарни македонски пејачи? Нивната фотографија од младоста е вистински хит.

Пејачот Дарио Панковски може да се пофали со премногу хит песни зад себе, кои и новата генерација гизнае напамет. Било кој настан на кој се пуштаат неговите песни, поминува одлично.

Маркетинг

Својата музичка кариера ја започнал далечната 1980 година како дел од новоформираната њу-вејв музичка група Бон-Тон.

ФОТО: Дарио Панковски / Фејсбук

Во 1992 година била формирена групата Дарио и Миг-21. Истата година бил издаден нивниот прв албум насловен како „Бактерија“. Од овој албум најголеми хитови станале песните: „Ладна како камен“, „Косоока“ и „Викни ме на чај“.
Во 1996 групата била прогласена за најдобра на годината. Во 1998 година се одржале двата големи концерти во Универзална сала со масовна посетеност.

Маркетинг

После сите овие успеси, Дарио се одлучува за соло кариера.

ФОТО: Дарио Панковски / Фејсбук

„Дупла вотка“, „Здравје Боже“, „Дај да заспијам“ ја обележаа неговата кариера.

Овој период пред и после Велигден се знае дека највртена песна на радио станиците е „На Велигден сум се заљубил“ од Џокси.

ФОТО: Joxy Geena Pappas. / Фејсбук

Од песната никогаш доста и сите си ја пуштаме во нашите домови. Дефинитивно ќе ја слушаат уште многу генерации после нас.

Џоки и Дарио се пејачите од нашата младост а сега Дарио сподели фотографија со која изненади многумина.

ФОТО: Joxy Geena Pappas. / Фејсбук

Имено, а фотографијата позираат тој и Џокси во младоста.

Пејачот објасни и кога и каде е настаната таа фотографија.
„Час по музичка историја. Јас и Џокси пред 30 (и со букви, триесет) години. Различни фаци, памет и висина исти!
Show must go on!!!“, напиша пејачот.

ФОТО: Дарио Панковски / Фејсбук

Истата фотографија доби многу коментари и лајкови од луѓето кои ги врати наназад и се приетија на старите добри времиња.

Уште на почетокот на својата кариера, Дарио е стекнал со популарност, особено кај понежниот пол.
Многу девојки низ Скопје го познавале и сакале, но неговото срце било само за Бојана. Ја сакал токму неа затоа што таа не ни знаела дека е музичар и не му орнувала внимание. Му било многу тешко да ја освои. Бојана е инаку родена во Ниш, а во 80-те дошла во Скопје да студира.

ФОТО: Дарио Панковски / Фејсбук

„Клучниот момент се случи во една прилика, кога заедно преминувавме улица. Ја фатив за рака и ѝ реков: Нема веќе пуштање.

Можам слободно да кажам дека стројник ни е легендарниот водител и диџеј Драган Б. Костиќ. Тогаш се искачаше кај него, во диско „Турист“, а Драган, кој е мој блисок пријател ме запозна со Бојана. Како диџеј, пушташе сентиши кои девојките ги сакаа, а Бојана најмногу ја сакаше „Прекрасен живот“ (Wonderful Life) од Блек. Костиќ ја пушти една вечер, специјално со неа. И ете, Бојана си доби прекрасен живот со мене, а јас со неа многу повеќе од тоа“, раскажа Дарио за „Женски магазин“.

ФОТО: Дарио Панковски / Фејсбук

Денес долги години успешно пловат во брачните води, а нивна најголема среќа се нивните деца, Андреа и Бруно.
Според фотографиите кои ги споделуваат на социјалните мрежи може да се забележи дека станува збор за исклучително среќна семејство, кое е труди секој момент да го помине заедно. Патувања, прослави, дружби – тие четворица се секаде заедно.

ФОТО: Дарио Панковски / Фејсбук

Тајна а успешно семејство според пејачот не постои. Секој од нс има мани и сите мора да научиме да живееме со маните на другите членови од семејството.

Важно е доколку е случи некаква кавга, оној кој згрешил да се извини и да продолжи напред.

За него љубовта е двигател, најубаво чувство и најважа работа во животот.

Пејачот не често вади нови песни, но секоја која излегува од неговата „кујна“, веднаш станува хит.

ФОТО: Дарио Панковски / Фејсбук

Поради коронавируот пејачите немаат можност да настапат, но повеќето од нив се трудат да го задржат ентузијзмот и слободното време го користат за работа во студио.

Па така и Дарио не мирува.

ФОТО: Дарио Панковски / Фејсбук

За медиумите откри дека работи на нова песна и за тоа преку Инстаграм ги информираше фановите.

„Се враќам. После година и кусур повторно во студио. Со Габроски снимаме нова песна, весела, разиграна, оптимистична, со гас до даска! Баш за инает на оваа долга и никаква тмурна атмосфера. Што би рекле комшиите ‘клин се клином избија’“, напиша пејачот на социјалните мрежи.

ФОТО: Дарио Панковски / Фејсбук
ФОТО: Дарио Панковски / Фејсбук
ФОТО: Дарио Панковски / Фејсбук
ФОТО: Дарио Панковски / Фејсбук
ФОТО: Дарио Панковски / Фејсбук
ФОТО: Дарио Панковски / Фејсбук
ФОТО: Дарио Панковски / Фејсбук
ФОТО: Дарио Панковски / Фејсбук
ФОТО: Дарио Панковски / Фејсбук
ФОТО: Дарио Панковски / Фејсбук
ФОТО: Дарио Панковски / Фејсбук
ФОТО: Дарио Панковски / Фејсбук
ФОТО: Дарио Панковски / Фејсбук
ФОТО: Дарио Панковски / Фејсбук
ФОТО: Дарио Панковски / Фејсбук
ФОТО: Дарио Панковски / Фејсбук
ФОТО: Дарио Панковски / Фејсбук
ФОТО: Дарио Панковски / Фејсбук
ФОТО: Дарио Панковски / Фејсбук
ФОТО: Дарио Панковски / Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button