Mарија од „Ај Кју“ за 5000 долари преку „И-беј“ го продава комплетчето со кое настапи на ланската Евровизија
Марија од „Ај Кју“ за 5.000 долари го продава на И-беј комплетот во кој лани настапи на Евровизија
Марија Ивановска од бендот „Ај Кју“ го продава на „И-беј“ комплетот со кој минатата година настапи на Евровизија – и тоа за неверојатни 5000 долари.
Имено, пејачката на Инстаграм профилот на бендот објави линк до „И-беј“ каде може одблиску да се разгледа креацијата и да се порача по цена од 5000 долари.
„Единствена можност да го поседувате ова иконско ремек-дело!!!“ – напиша Марија под објавата.
Инаку, нашите претставници „Ај кју“ можеби не стигнаа до финалето на Евровизија, но затоа ја освоија титулата за најлошо облечени натпреварувачи.
Имено, тие ја освоија модната награда „Barbara Dex Award 2018“ за која се „натпреваруваа“ 43 артисти од лисабонската сцена, а се доделува според гласање од страна на гледачите преку Songfestival.be.
Самата награда се доделува од 1999 година, а името го носи по белгиската претставничка Барбара Декс која во 1993 година сама ја дизајнираше облеката што ја носеше со која предизвика смеа во публиката. Што се однесува до нашите претставници тие беа облечени од дизајнертот Алек Бимбилоски, попознат под името на модниот бренд „Румор“, а главна причина со која ја освоија наградата беше комбинацијата што ја носеше токму пејачката на Ај Кју, Марија Ивановска.
Имено, Марија настапи со необично розово сако кое го носеше свртено наопаку, а под кое за целото време се гледаа нејзините кратки, сиви шорцеви. Таа во еден момент ја соблече розовата креација и остана само со сива блуза зачинета со плетени детали и шорц, додека целото издание го заокружи со шарени високи потпетици кои воопшто не одговараа со сивата и розовата боја во горниот дел од комбинацијата.
Еве што изјави Алек во врска со комбинацијата поради која нашите претставници ја освоија оваа награда:
„Според мене Македонија никогаш помодерно не изгледала и поубаво не звучела. Queen Marija имаш ангелски глас…песнава е за вас… а до сите хејтери од вид :си пуштам сама себе слики “Happy Birthday to me” на FB, не бевте ниту пак ке бидете на ваков настан да видите шо се случвит…така да…“
Инаку, оваа година победници за оваа награда се претставниците од Португалија.
Тие се наследниците на Ај кју за оваа година.