Реклама
Вирално

Нема да ви се верува што сé е најдено во плакарите на Боки 13

Реклама

И врапчињата на гранките знаат дека Боки 13 обожава брендирана облека, но ова дефинитивно никој не го очекуваше.

Имено, првообвинетиот во случајот „Рекет“ во својот дом во скопскиот Орман имал преку 1000 парчиња од најпознатите светски модни куќи и сите при претресот му се одземени од страна на истражителите. Меѓу запленетите предмети има преку педесетина капути, скапоцени очила, чанти од најпознатите светски дизајнери чија цена се движи и по неколку илјади евра поединечно, гламурозни обувки, па дури и златни мајмуни и вистинска златна круна.

Маркетинг

Обвинителниот акт за неговото дело е на повеќе од 60 страници, пишува МКД.мк. а само листата со одземени предмети од неговиот дом има 23 страници.

Принтскрин

Но покрај скапоцената облека, запленет е и скапоцен мебел, потоа разно-разни украсни фигури, уметнички слики, накит, брошеви, ајфони, шешири… Списокот навистина е долг, а од брендовите застапени се речиси сите позначајни дизајнерски имиња – Гучи, Луј Витон, Версаче, Кристијан Диор, Долче и Габана и многу-многу други.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Пронајдени се и фискални сметки од продавниците на Џани Вераче, Сен Лорен Париз, Барбери, но не и контроверзната чанта со пари од Луј Витон во кои Боки доби 1 и пол милиони евра од бизнисменот Орце Камчев.

Принтскрин

Боки во судницата изјави дека од камерата во неговиот дом ќе може да се види каде завршиле парите.

Тој и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева се изјаснија како невини, додека третообвинетиот, Зоран Милевски Кичеец, се изјасни за виновен.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Тој беше осуден по брза постапка и доби три години, а Боки се уште е во притворското одделение во Шутка.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Раскошниот живот на Боки 13

Инаку Бојан пред да биде затворен на социјалните мрежи постојано се фалеше со својата скапа облека.

Неговата раскошна колекција се состои од модели и модни додатоци од најпознатите светски модни брендови за кои треба да издвоите и по неколку илјади евра.

Versace $1,595.00

Saint Laurent, West Metallic Zip Booties $945.00

Вкупната вредност на комбинациите што ги носеше понекогаш можеше да премине и преку 10.000 евра, па така тој многу пати изгледаше екстравагантно, а јавноста се чудеше од каде му се парите за да се расфрла и да носи толку скапи парчиња.

Но откако беше уапсен, а потоа и спроведен во Шутка, работите почнаа да стануваат малку појасни…

Сепак на неговиот профил на Инстаграм се уште можеме да видиме како носи папучи од преку 1000 евра.

Но секако дека не се само овие сандали со шокантна цена за нас „обичните смртници“. Такви се и речиси сите останати модели со потписот на реномираните брендови како што се Версаче, Долче и Габана, Гучи, а некои дури и од последните колекции. Па така и неговите златни чизми до глужд од кои не се двоеше во последно време чинат околу 1000 долари.

Еве уште неколку негови модни изданија составени од парчиња со цени од кои може да ви се заврти во главата.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button