Нема да ви се верува – толку си личат што никој не може да погоди која е мајката, а која ќерката
Џолин Дијаз (43) од Калифорнија како и многу други девојки стана славна благодарение на својот Инстаграм профил.
Џолин редовно објавува фотографии на социјалните мрежи од својот семеен живот, а на нив не ретко можеме да ја видиме и нејзината ќерка Мелани Паркс.
Но она по што тие најмногу го привлекоа вниманието на светската јавност е што на фотографиите тие изгледаат како сестри, а не како мајка и ќерка.
Таа е самохрана мајка, а во интервју за „Дејли меил“ изјави дека изгледа младо заради својот животен стил.
„Отсекогаш сум се трудела да бидам активна и да живеам здраво. Избегнувам алкохол, јадам избалансирана храна и доста се одморам. Фокусирана сум и на нега на кожа, а интензивно ја негувам од својата 12 година“, откри Џолин во своето интервју за познатиот магазин.
Истата рутина ја користи и нејзината 19 годишна ќерка. Сепак, Џолин е убедена дека главен виновник за нејзиниот младешки изглед е нејзиниот опуштен поглед на животот.
Таа вели дека се обидува да не размислува премногу за минатото, ниту пак да се плаши од иднината.
Таа додава дека и покрај тоа што изгледа многу помладо и без проблем може да помине како да е другарка на својата ќерка, а не мајка, никогаш не излегува со неа во клубовите, туку повеќе сака да се опушта во својот дом со чај.
Па, што мислите, која од нив е Џолин, а која Мелани?