Реклама
Вирално

Нема да ви се верува, но оваа куќа ќе ве чини само 3600 евра и се гради за помалку од 24 часа!

Реклама

Изградена е прва ваква куќа за помалку од еден ден, а планот е во иднина во сиромашните подрачја луѓето да живеат во вакви достојни домови

Фото: Инстаграм

Изработката на евтин, но силен и функционален дом за луѓето што немаат покрив над главата е глобален предизвик, а одговорот го пружи новата технологија – 3д печатач и фирмата „Ајкон“ (ICON) со седиште во Остин во Тексас, која со помош на 3Д печатачи ја изгради првата куќа, која ги задоволува сите спецификации – за помалку од 24 часа и за околу 4000 долари (3600 евра).

Куќата има 60 метри квадратни и спална соба, тоалет, дневен престој и мала работна просторија, а изградена е за фестивалот „SXSW 2018.” и „SXSW 2019.” Фирмата ги здружи своите сили со непрофитната организација „Њу стори“, со цел да ги донесат ваквиот вид на живеалишта во неразвиените подрачја, почнувајќи од Ел Салвадор.

Маркетинг
Фото: Инстаграм

„Ајкон“ веќе произведе помал прототип – малиот дом има површина од 33 метри квадратни. Изработката траела 14 часа и чинела околу 10.000 долари. Но во тоа време биле искористени само 25 отсто од капацитетот, што го поттикна „Ајкон“ да направи поголем дом за помалку пари, со нова надоградба на моделот 3Д принтер „Вулкан II“.

Фото: Инстаграм

За да ја забрза изработката на овие куќи, „Ајкон“ го прадава „Вулкан II“ печатачот кој може да се користи било каде. Машината создава ѕидови на самото градилиште, мешајќи и „печатејќи“ слоеви цемент кои се собираат за да ја дадат целосната структура. Вулкан може да направи ѕидови кои се долги и до 8.5 метри и високи 2.4 метри. По завршувањето на зградата, елементите кои не можат да се испечатат како што се џамови и врати се додаваат рачно. Втората технолошка предност кај ваквите 3Д куќи е во тоа што целата конструкција на изработка се контролира преку таблет, што значи дека ви се потребни многу малку луѓе.

Маркетинг

Следните планирани чекори се изработка на 100 куќи во Ел Салвадор, каде земјата е груба, населението сиромашно, а поплавите се вообичаени. „Њу стори“ се надева дека луѓето ќе ги всели во домовите до крајот на годината, кога ќе завршат сигурносните и сеизмичките испитувања.

Фото: Инстаграм

Според СиЕнЕн, „Њу стори“ сака да собере окоу еден милион долари за изработка на куќи со големина од 33 квадрати. На крајот организацијата ќе сака да го прошири проектот за пружање на кров над главата на повеќе од 1.3 милијарди луѓе ширум светот кои во моментов живеат во нехумани услови. Според зборовите на основачот на „Њу стори“, во блиска иднина со помош на оваа технологија на градба се повеќе семејства ќе дојдат до свој дом.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button