Брижит Макрон реши да започне некои нови модни трендови
За времена Г7 самитот, додека политичарите разменуваат идеи и склопуваат договори, првите дами се шетаат низ градините и со својот шарм го привлекуваат вниманието.
Па така во фокусот на вниманието на фотографите се најдоа и најпознатите први дами на светот, Брижит Макрон и Меланија Трамп, а нивната средба познатите модни експерти со нетрпение ја дочекаа.
Брижит за оваа пригода внимателно ги избра својот фустан – во прашање е силна црвена боја која одлично стои на нејзиниот темен тен, ставајќи ги во преден план своите затегнати нозе и голите раменици. Ефектниот фустан француската прва дама го носеше со неверојатни шик високи потпетици зачинети со ремчиња во две бои – црна и кафеава.
Од друга страна, Меланија избра да носи бело од глава до пети со кое изгледаше далеку поопуштено од Брижит.
Убавата Словенка носеше бел фустан без ракави и со впечатлив ремен, додека целото издание го заокружи со голема бела чанта и бели шпиц балетанки.
Па која прва дама ви остави подобар впечаток?