Нема да ви се верува колку чини „Ролексот“ на Јована Јоксимовиќ – украсен со дијаманти и злато
Многумина изненадени од овој скапоцен детаљ со кој се пофали убавата водителка
Водителката Јована Јоксимовиќ важи за една од најстилизираните жени на малите екрани во Србија.
Таа речиси никогаш не греши кога се модата и стилот во прашање, а овој пат покрај нејзиниот изглед внимание привлече и еден мал детаљ со кој водителката никого не остави рамнодушен.
Имено, на фотографијата многумина го забележаа скапоцениот Ролекс со кој Јована подигна голема прашина во медиумите.
Во прашање е моделот „datejust“ од познатиот бренд за часовници кој е направен во комбинација од челик и жолто злато.
Цената на овој „Ролекс“ изнесува околу 14.000 евра, па многумина беа изненадени од превисоката цена.
Но и покрај негативните коментари на оние кои сметаат дека Јована платила премногу за еден ваков моден детаљ, многумина се согласија дека убавата водителка изгледа неодоливо во ова издание.
Инаку, сопругот на Јована, Жељко Јоксимовиќ, неодамна го прослави својот 51-ви роденден, кога таа се огласи преку својот Инстаграм профил и јавно му го честиташе со емотивна честитка.
Таа сподели и неколку заеднички фотографии со кои посебно ги воодушеви нивните заеднички обожаватели.
Потсетуваме, водителката Јована Јоксимовиќ повеќе од една деценија е во складен брак со пејачот Жељко Јоксимовиќ.
Тие имаат три деца, а Жељко од претходниот брак ја има и ќерката Мина Јоксимовиќ која исто така е вонсериска убавица.
Фото: Инстаграм/ Јована Јоксимовиќ
Фото: Инстаграм/ Јована Јоксимовиќ
Фото: Инстаграм/ Јована Јоксимовиќ
Фото: Инстаграм/ Јована Јоксимовиќ
Фото: Инстаграм/ Јована Јоксимовиќ
View this post on Instagram