Нема да ви се верува колку чини новиот костим за капење на познатата МАКЕДОНКА – овој модел го обожаваат и светските ѕвезди!

Едноделни модели на костими за капење што се хит ова лето

Како и за многу други работи во животот, така и овие костими за капење можат да бидат многу сериозно погрешно сфатени.
Некои ги сметаат за опција која што е наменета само за мајки, но во суштина едноделните модели на костими за капење се поприлично шик варијанта на провокативните бикини, а можат да бидат дури и многу повеќе привлечни ако им се пристапи на вистинскиот начин.

Тоа очигледно го знае и русокосата скопјанка Агнеса Органџиева која неодамна позираше во еден од најбараните костими за капење за ова лето.

Во прашање е модел со ремен од познатиот бренд Гучи кој оваа сезона се најде на сите листи меѓу најдобрите костими за капење.
Познатата русокоса секогаш кога ќе објави фотографија на Инстаграм предизвикува огромно внимание, посебно во едно вакво издание.

Нам секако ни се најинтересни нејзините модни комбинации, па откако неодамна во фокусот на вниманието ни беше преубавиот летен фустан што го носеше (види тука) денес ќе посветиме внимание и на овој костим за капење кој може и вам да ви се допадне, а можеби сличен веќе имате во плакарите и со истиот „греевте“ на некоја плажа.

Моделот изгледа елегантно и потсетува на ретро стиловите, а на интернет може да се пронајде по цена од 860 долари.

Но оваа цена е и очекувана бидејќи сепак станува збор за еден од омилените брендови на многу жени.

Ременот со кој костимот е „зачинет“ визуелно прави половината да изгледа потенко, така што зрачи со фатална елеганција.

Што се однесува до трендовите, токму ваквите модели со ременче се хит ова лето, а овој модел од познатито бренд како да моли да се носи на јахта.
Погледнете уште неколку модели што се хит ова лето….

Bottega Veneta

Gucci

Lili & Rose

Anemos

Zimmermann

Gigi C

Christopher Esber

Cult Gaia

Moré Noir

Revel Rey

Totême

Versace

Haight

Tory Burch

Hunza G

H&M

Jade Swim

Matteau

Summersalt

Mikoh

Marysia

Burberry

Myra Swim

Agua by Agua Bendita





